17 Април, 2024
0.0539

Занаетчија сте? Швајцарците ве бараат!

Објавено во: Финансии 02 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Еве прилика и за занаетчиите. Во Европа мајсторите и занаетчиите се баран „производ“ а Швајцарците буквално чезнеат за нив.

Таа земја во моментов има недостиг од голем број занаетчии, кои моментно се најголема работна сила на пазарот на труд. Според официјалните податоци , таму во моментов се бараат 42 778 занаетчии, а фирмите распишале вкупно 198 097 слободни работни места, податоци кои ги објави специјализираниот сајт Jobchannel.

Веќе со години најмногу непополнети работни места се од занаетчиска дејност. За споредба, моментно се бараат околу 4000 електромонтери, 2 260 инсталатери, 2143 столари, околу 1500 ѕидари и молери. 

Швајцарија моментално ги анализира и причините на недостаток на занаетчии бидејќи е нејасно дали за тоа е виновна положбата на занаетчиите во општеството или дигитализацијата. 

-Кристов Торман, претседателот на Централниот совет на занаетчиско образование на Швајцарија ја смета „академизацијата“ на општеството за важна причина на недостаток на занаетчии денес.

-Занаетчиските работи денес имаат и проблем поради дигитализацијата. Се фокусираат на компјутери и роботиката ја ставаат во втор план дека зад тоа стои многу техника и занаетчиско знаење-рекол Торман.

Матијас Енгел од Здружението на градежни мајстори апелира до швајцарските власти да не праќаат „погрешни сигнали“ , туку дека е важно да не се поттикнува само гимназиско и универзитетско образование, туку исто толку и занаетчиското. Бројот на работни места за занаетчии растел драстично до 2015 година кога недостатокот на овие профили изнесувал 23 976 а денес достигнал 42 778.


фото- илустрација: EPA (BARBARA WALTON)

Можеби ќе ве интересира

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!

ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!

ПАЃААТ И ЕВРОПСКИТЕ И АМЕРИКАНСКИТЕ БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ: Цената на нафтата над 90 долари за барел, цената на златото падна

ПАЃААТ И ЕВРОПСКИТЕ И АМЕРИКАНСКИТЕ БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ: Цената на нафтата над 90 долари за барел, цената на златото падна

КОГА НА ДРЖАВАТА Ѝ ТРЕБААТ ПАРИ, ДОМАШНИТЕ БАНКАРИ ТРИЈАТ РАЦЕ - ново задолжување од 50 милиони евра, еве колкави се каматните стапки

КОГА НА ДРЖАВАТА Ѝ ТРЕБААТ ПАРИ, ДОМАШНИТЕ БАНКАРИ ТРИЈАТ РАЦЕ - ново задолжување од 50 милиони евра, еве колкави се каматните стапки

ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН СЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ И ЗА АЛБАНИЈА: Сезонава се очекуваат над 10 илјади туристи, а нема кој да работи

ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН СЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ И ЗА АЛБАНИЈА: Сезонава се очекуваат над 10 илјади туристи, а нема кој да работи

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ДАЛА „ЕР СРБИЈА“ ЗА ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ: Сумата е со повеќе нули

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ДАЛА „ЕР СРБИЈА“ ЗА ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ: Сумата е со повеќе нули

ОТВОРЕН БАЛКАН: Ова се петте најбарани позиции во Белград, еве што нудат работодавците и кои услови бараат да ги исполните

ОТВОРЕН БАЛКАН: Ова се петте најбарани позиции во Белград, еве што нудат работодавците и кои услови бараат да ги исполните

НОВ ПАД НА ПОПУЛАРНАТА КРИПТОВАЛУТА: Еве кои влади поседуваат најмногу биткоини, има ли на пазарите оптимизам?

НОВ ПАД НА ПОПУЛАРНАТА КРИПТОВАЛУТА: Еве кои влади поседуваат најмногу биткоини, има ли на пазарите оптимизам?