24 Април, 2024
0.0267

ЗАНАЕТЧИСКИОТ СЕКТОР СО ОГРОМНИ ЗАГУБИ: Пред затворање голем број бизниси

Објавено во: Економија 30 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Занаетчискиот сектор во земјава е еден од најпогодените поради пандемијата со коронавирусот, предупредуваат од Занаетчиската комора, од каде нагласуваат дека е доведена во прашање егзистенцијата на цели семејства, бидејќи нема никаква побарувачка на занаетчиски производи и услуги. Во занаетчискиот регистар се регистрирани занаетчии кои функционираат како самовработени лица и занаетчии кои имаат вработени. Станува збор за околу 5.800 занаетчии и околу 3.300 вработени.

– Со досегашните мерки од Владата, занаетчиите не се опфатени во ниту една мерка. Затоа, проблем имаат оние кои вршат самостојна дејност, самовработени лица, затоа што немаат обврска да плаќаат плата за себе, туку да плаќаат придонес за задолжително пензиско и здравствено осигурување – изјави денеска претседателот на Занаетчиската комора, Никола Петров.

Од Занаетчиската комора сметаат дека доколку се донесе најавената мерка за субвенција на плата, а обврската за придонеси падне на работодавачот, околу 5.800 занаетчии нема да бидат опфатени со мерките, па нема да бидат субвенционирани, ниту со плата, ниту со придонеси.

Претходно, Занаетчиската комора, како што самите велат, дала предлог до Владата со анти-кризни мерки, но, се уште немаат одговор, а предлагаат во мерката за субвенционирање на платите и придонесите да се предвидат и занаетчиите за време на кризниот период.

Доколку не се прифати ова, појаснуваат оттаму, може наскоро да дојде до затворање на бизнисите и отпуштања.


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?