Западен Балкан може да стане нова Украина, вели Абазовиќ
Објавено во: Балкан 19 Мај, 2022
Не смееме да гледаме на Западен Балкан како на црна дупка во Европа, вели црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, кој смета дека во иднина е можно и во регионот да се случи украинско сценарио.
„Ако останеме надвор од Европа, треба да знаете дека не е невозможно Западен Балкан за неколку години да стане новата Украина“, рече Абазовиќ.
Абазовиќ рече дека Европа е во нова фаза и дека одлуките треба да се носат побрзо и попаметно.
„По 24 февруари, почетокот на руската инвазија на Украина, светот е поинаков и повеќе од кога било луѓето во Црна Гора, регионот и Европа разбираат дека треба да бидеме заедно и да дадеме се од себе за да го завршиме нашиот дел од работата, а од друга страна европските институции го признаваат тоа“, изјави Абазовиќ.
Кажа дека црногорската влада е 100% проевропска, а Црна Гора 100% ја следи политиката на ЕУ. Украина сака да преговора со ЕУ за членство.