18 Април, 2024
0.0266

Западен Балкан му ја овозможи рутата на Груевски до Унгарија

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

По Албанија, и Црна Гора ја потврди рутата на поранешниот премиер Никола Грусвки, осуден на две години казна затвор, кон Унгарија. Сега е јасно дека поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ патува и низ Србија. Останува уште само едно отворено прашање - како без одземениот пасош влегол во Унгарија. Во сите земји од Западен Балкан може да се патува само со лична карта, но не и во Унгарија, која е членка на Европската Унија.

Полицијата во Црна Гора потврди дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски влегол во Црна Гора на 11 ноември и истиот ден ја напуштил земјата.

Поради интересот на медиумите за поранешниот премиер на Македонија Никола Груевски, а во интерес на вистинито информирање, соопштуваме дека Никола Груевски влезе во Црна Гора на наведениот датум 11 ноември и истиот ден ја напушти земјата. Црногорската полиција во овој случај во целост ги испочитува законските процедури“ пишува во соопштението.

Полицијата не соопштува повеќе детали како Груевски влегол во земјата и од кој граничен премин заминал.

Претхоно полицијата на Албанија соопшти дека тој уште во неделата излегол од Албанија преку преминот Хан Хоти-Муриќан, на албанско-црногорската граница, кај Скадарското Езеро.

„Одговарајќи на големиот интерес на медиумите за влез и излез од територијата на Албанија на лицето Никола Груевски, информираме дека истиот на 11 ноември 2018 година во 19:11 часот излегол од Албанија преку преминот Хан Хоти во правец на Црна Гора, како патник во автомобил со регистарски ознаки CD1013A,сопственост на амбасадата на Унгарија во Тирана“, соопштија од Секторот за граница и миграција на албанската полиција.

Албанската полиција нагласи дека  во неделата, кога  Груевски бил во Албанија не постоела никаква потерница од Македонија или Интерпол.

Од албанската полиција не кажаа кога и како Груевски влегол  во Албанија.

Во Албанија и во Црна Гора македонските граѓани можат да влегуваат само со лична карта.


Можеби ќе ве интересира

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан