Западните земји се слаби за да ги фрлат Иранците на колена, тврди Хамнеи
Објавено во: Свет 17 Јануари, 2020
Иранскиот врховен верски лидер Али Хамнеи вели дека западните земји се премногу слаби за да „ги фрлат Иранците на колена".
Вели дека официјален Техеран е отворен за преговори, но не и со Соединетите Американски Држави.
Тој го нарекол американскиот претседател Доналд Трамп „кловн", кој, како што вели, само се преправа дека го поддржува иранскиот народ, но ќе му забоде отровна стрела во грб.
Хамнеи додал дека Америка кукавички го убила најефикасниот борец против ИСИС кога го убила генералот Касим Сулејмани.