ЗАПАДОТ ГО ЧЕКА ПОРАЗОТ НА УКРАИНА: Кулеба призна дека неговото семејство ја напуштило земјата

Објавено во: Свет 16 Август, 2022
Според украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, Западот го чека падот на Украина.
Тој вели дека западни политичари го прашувале уште колку можат да издржат. Според него, Западот чека Украина да се предаде и проблемите потоа да се решаваат.
„Министрите за надворешни работи честопати ме прашуваат во интервјуа и разговори: колку долго можете да издржите? Наместо да прашаат: што друго треба да се стори за да се победи во најкусиот можен рок“, изјави Кулеба во интервјуто со украинскиот новинар Дмитро Гродон.
Кулеба признава и дека неговото пошироко семејство ја напуштило Украина непосредно по почетокот на рускиот напад.
„Ноќта од 24-ти кон 25-ти (февруари) дојдов до границата, во тој момент пристигнаа моите деца, родителите, кучињата, ги прегрнав и бакнав сите, јас влегов, а тие излегоа од Украина“, рече Кулеба.
Тој вели дека станал министер за надворешни работи за да го „освои светот“. Кулеба постојано бараше оружје од западните земји со цел да се одбранат од руските напади. Во повеќе наврати Кулеба ги нарече Русите варвари. Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари со барање за денацификација, Украина да биде воено неутрална и Доњецк и Луганск да добијат независност.фото Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
МАСК ЈАВНО ГО ИСМЕА ЗЕЛЕНСКИ, СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ГОРАТ: „Кога ќе поминат пет минути, а не сте побарале милијарда долари помош“

ЗИМАТА И СНЕГОТ ПРИСТИГНУВААТ ВО ЕВРОПА: Попоски вели дека североистокот и истокот ќе бидат зафатени од првиот студен бран, а еве какво ќе биде во Македонија

БЕЗ ОВА ЗЕЛЕНСКИ ЈА ГУБИ ВОЈНАТА: Украина останува без поддршка од најголемите сојузници, паниката никогаш не била поголема

„ПРОГНОЗИТЕ ЗА СНЕГ СЕ СТАРИ, ДОПРВА ДОАЃААТ НОВИ!“ Ќе ги зголемат ли новите анализи предвидувањата за снежни врнежи во Европа?

Америка има план за Украина, тајни документи откриваат детали

Соседна земја на Македонија забрани влез на возила со руски таблички

Голем пожар во Исмаилија на Суецкиот канал, испратени воени авиони, повредени најмалку 30 лица
ИСЛАНД Е НАЈБЕЗБЕДНА ЗЕМЈА, СРБИЈА ИЗНЕНАДУВА! Еве каде е Македонија

СИНОТ НА ПРИГОЖИН ГО ПРЕЗЕМА ТРОНОТ НА „ВАГНЕР“? Павел Пригожин преговара со руската национална гарда
