Запалени нови контејнери во центарот на Скопје додека траеше полицискиот час
Објавено во: Македонија 28 Март, 2020
Фото: Стандард
Во центарот на Скопје денеска гореа нови контејнери додека немаше никој на улиците, односно во време по отпочнувањето на забраната за движење која започна во 16.00 часот.
Контејнерите беа запалени на булеварот „Партизански одреди“ кај трговскиот центар Буњаковец спроти филијалата на Стопанска банка.
Противпожарните бригади го изгасија огнот, објави „Стандард“.