ЗАПАЛЕНИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МАГАЦИНИ ВО ИРАК: Жителите прашуваат дали само муслиманските градови горат?
Објавено во: Свет 06 Август, 2020
Горат магацини и во Наџаф, Ирак.
Властите објавија дека има огромен пожар во повеќе од 20 магацини на пазарите на големо во Наџаф.
По експлозијата во Бејрут, вчера имаше пожар во индустриската област на Ајман во Обединетите Арапски Емирати, а ова е трет пожар.Ова ги натера некои локални жители да прашаат – само муслиманските градови ли горат?
Жителите на Бејрут ги обвинуваат властите за експлозијата.
Францускиот претседател Емануел Макрон отиде денес во областа погодена од екплозијата во Бејрут. Него го пречекаа тамошните жители кои беа гневни и го молеа да не дава пари на нивната корумпирана влада.
Мартин Фајфер од Универзитетот Њу Мексико за „Бизнис инсајдер“ ја коментираше експлозијата и рече дека не може да биде нуклеарна бомба, но оти пожарот довел до детонација на хемикалии или некој експлозивен материјал.