Запалија американско знаме и извикуваа „смрт за Американците“
Објавено во: Свет 09 Мај, 2018
По одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, САД да се повлечат од нуклеарниот договор со Иран, пратениците во Техеран го запалија американското знаме од хартија во парламентот.
Тие извикуваа „смрт за Американците“, а запалиле и хартија која симболично претставува нуклеарен договор.
Трамп синоќа соопшти дека САД излегуваат од нуклеарниот договор со Иран и дека повторно ќе му воведат санкции на Иран, и тоа од највисок степен досега. Американскиот претседател додаде дека и други земји би можеле да бидат санкционирани.
Нуклеарниот договор со Иран, како што истакна Трамп, би требало да ги штити САД и сојузниците, но му овозможил на Иран да продолжи со збогатување на ураниум.