ЗАПЛЕНЕТИ НАД 188 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА „ТЕШКА“ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - Царина и БЈБ со детали за стопираниот извоз на дрога
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2025 14:59
Запленети се 188,6 килограми наркотична дрога марихуана вредна над 700 илјади евра во заедничка акција на Царинска управа и Бирото за јавна безбедност. Со акцијата е спречен меѓународен канал за шверц на дрога, објавија директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев во изјавата за медиуми на Граничниот премин Богородица. Две лица се уапсени и против нив е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
- Царинската управа влезе во траг и спречи меѓународен канал за шверц на дрога. Во заедничка акција со Бирото за јавна безбедност на граничен премин Богородица се запленети 188 килограми и 636 грама наркотична дрога марихуана која требало да заврши во Турција.Случајот го следиме подолго време, што на крај успешно резултираше со откривање на криминалната мрежа која требало да оперира низ неколку држави - подвлече Николовски.
Како што појасни Николовски, сторителите на кривичното дело, двајца возачи, едниот од Тетово, а другиот од Кумановско на 8 февруари влегуваат на Блаце со камион и на 9 февруари со истиот камион едниот од нив го презема камионот и од место меѓу Куманово и Паланка оди кон Богородица. На Богородица е извршена детална контрола на камионот при што помеѓу компресирана рециклирана хартија во четири бали е пронајдена дрогата. Проценетата вредност на дрогата, како што информираше Николовски на црниот пазар изнесува 707 илјади евра.
Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, пак, порача дека криминалното мочуриште во државата повеќе нема да го има.
- Во заедничка акција која траеше неколку дена покажува дека заеднички можеме во интерес на граѓаните. Криминалното мочуриште што го имаме во државата повеќе нема да го има. Ова не е место за нив. Заеднички координирано со Царинска управа координирано работиме во неколку области. Мора да бидеме координирани. Заедно покажуваме дека можеме да работиме силно и успешно за заеднички успеси и превенција на криминалот. Нема место за криминал. Македонија мора да биде на ниво на напредните држави. Системот и законите мора да владеат. Го сузбиваме криминалот и корупцијата на сите нивоа - рече Јанев.
На новинарско прашање дали марихуаната потекнува од Косово или е од нашата земја и дали истрагата ќе се прошири и на други лица, директорот Јанев рече дека се работи и по завршувањето на акцијата ќе информираат.
- И за овој случај информациите се прибираат, имаме индиции и точно е како што директорот на Царинската управа дека камионот е влезен од Косово, разменуваме информации со колегите и внатре и надвор и ќе ја прошируваме истрагата. Но, во интерес на целата истрага не би сакал да откривам детали - одговори Јанев.
Денеска од Јавното обвинителство соопштија дека ОЈО Гевгелија донело Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
-Тие, по претходен договор и заедно со учество во дејствието на извршување, неовластено заради продажба во Република Турција, пренесувале наркотична дрога – марихуана од Куманово до граничниот премин „Богородица“. Дрогата, во вкупна количина од 188.363 грама, спакувана во 165 пакувања армирани полиетиленски кеси, ја превезувале во камион во сопственост на скопска фирма која пренесувала отпадна пресувана хартија. Дрогата била скриена меѓу балите отпадна хартија. Камионот бил натоварен во Приштина и второосомничениот со легален утовар на 8 февруари влегол во државава на граничниот премин „Блаце“. Таму го пречекал второосомничениот и на паркинг плац на патот Куманово-Свети Николе била извршена замена на дел од натоварената стока со други бали во кои во внатрешноста била сокриена марихуаната. На 10 февруари, првоосомничениот се јавил на „Богородица“ на излез од државава, каде овластени службени лица го запреле, детално ја прегледале целата стока и ја пронашле дрогата - се наведува во соопштението од Обвинителството.
Јавниот обвинител поднел предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, на возраст од 43 и 41 година, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените ќе се дадат во бегство, ќе ги уништат трагите од кривичното дело, ќе ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците или соучесниците во кривичното дело и дека ќе го повторат кривичното дело.
Фото: МИА* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ВИДЕО: Се отстрануваат билбордите од скопската Железничка
Ја затворил во стан, ја принудувал на секс и барал кокаин со закани дека ќе ја убие: Истрага и притвор за 29 годишник од Неготино
ДАНИЛОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА НА НОВА ВАРИЈАНТА ОД ГРИПОТ А/H3N2: Што значи тоа за нас и како да превенираме?
Студени утра, топли денови: Погледнете ја прогнозата за следните денови
„Сити Аутсорсинг“ со демант за СДСМ: Немаме никаква врска со Ивица Томовски
„МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИТИСОК ВРЗ СКОПЈЕ Е МНОГУ СИЛЕН“: Ташев вели дека Македонија има два плана против Бугарите
Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“
Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија





