20 Април, 2024
0.0275

Започна „Дестинација: Македонија“ најголемата Grouper кампања за патувања во државата

Објавено во: Мои пари 25 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Водечкиот сајт за групни попусти и лидер во е-трговија, Grouper.mk, денес ја лансираше најновата кампања со попусти на локални патувања, „Дестинација Македонија“.

Кампањата, која нуди избор од над 100 зделки за локални патувања по неверојатно ниски цени, на корисниците ќе им докаже дека за добро доживување и авантура не е секогаш неопходна авионска карта и ќе им ги покаже сите „скриени“ места и активности кои сè уште не ги знаат.

Патувачите оваа сезона ќе имаат прилика да уживаат во огромен број на локации и доживувања - од прекрасната природа на Аурора Берово и Радика Маврово, релаксирачкиот спа-центар на Hotel Sirius Spa Струмица, вкусна храна и добро вино во Винарија Попова Кула, па сè до јавање коњи во Галичник.

Токму затоа минатиот викенд, Grouper беше во Градски парк Скопје, каде организираше мал видео-квиз со кој ги „распраша“ случајните минувачи - колку навистина ја познаваат Македонија. Победничката на квизот доби подарок - патување со Grouper, додека пак девојката која освои второ место доби шанса за прв пат да лета со параглајдер.

Погледни го квизот и „провери се“ - колку ти добро ја познаваш Македонија?


Кампањата која ќе трае од 25 септември сè до 1 ноември 2017 е наречена „Дестинација: Македонија“ и доаѓа во трите дела кои се неопходни за вистинско доживување на една дестинација, односно - посети место кое досега не си го посетил, вкуси прекрасна храна и традиционални јадења карактеристични за местото и искуси ја авантурата по која ќе ја паметиш оваа сезона.

Исто така, за време на кампањата, Grouper во партнерство со MasterCard спроведува и наградна игра со која - со секоја трансакција над од 300 ден. направена со MasterCard, во периодот 25 септември до 15 ноември, корисниците учествуваат во извлекувањето за Samsung S8, а дополнително секое купување над 1500 ден. носи одлични подароци.

Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!