Започна конференцијата во Сунио за иднината на Европа
Објавено во: Балкан 11 Мај, 2018
Министрите за надворешни работи на балканските земји членки на ЕУ, на државите кандидати за членство, како и на земјите од Вишеградската четворка, учествуваат на конференцијата за иднината на Европа, што претпладнево започна во Сунио, во близина на Атина.
На конференцијата присуствува и шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. На маргините на конференција, се очекува Димитров да одржи повеќе билатерални средби.