28 Март, 2024
0.0268

Започна Саем на книга во Рамстор Мол - Летово дружи се со доообра книга

Објавено во: Мои пари 06 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Од денес во Рамстор Мол започнува Саемот на книга организиран од трговскиот центар во соработка со Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), а ќе трае до 12ти јуни.  

На овогодинешниот летен саем на книгата учество ќе земат неколку издавачки куќи и книжарници меѓу кои: Издавачки центар ТРИ, Просветно дело, Литература МК, Култура, Икона, Ѓурѓа, Сакам Книги, Полица, Топер, Антолог, Едука Мак. За време на саемот во трговскиот центар има одлична понуда и голем избор на книги за сечиј вкус, по намалени саемски цени.

Според претседателот на МАИ оваа година овој летен саем на книгата покрај големиот избор на книги, ќе понуди навистин голема интерактивна содржина и секојдневна дружба со писатетлите и авторите.

“Македонската асоцијација на издавачи во соработка со Рамстор Мол преку прмоција и дружба со писателите има за цел да ја доближи книгата до читателите. Токму затоа оваа година нашите реномирани издавачи се погрижија да подготват уште поатрактивна саемска понуда збогатена со многу настани, како средби со автори, потпишувања. Затоа би сакал да ги повикам сите љубители на добрата книга да дојдат од 06 до 12 јуни во Рамстор Мол и да уживаат во времето поминато со омилените автори.– изјави Бојан Саздов.

Сите учесници на саемот нудат богат избор на книги и стручна литература, најнови изданија од продукцијата на реномираните издавачки куќи од Македонија, кои на читателите ќе им понудат повеќе 1000 наслови од својата програма, што претставува одлична можност за посетителите да ја збогатат својата домашна библиотека по пристапни и намалени цени. За време на саемот Рамсторе Мол секој ден ќе наградува фанови на социјалните мрежи со книга.


Можеби ќе ве интересира

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери