26 Април, 2024
0.0294

Започна со работа „новиот и независен УБК“, оние кои не ги поминаа тестовите нема да останат без работа

Објавено во: Македонија 01 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Агенцијата за национална безбедност, која произлегува од поранешно УБК, од денеска започна со работа откако избра само околу 350  агенти, односно само половина кои ќе останат да работат во оваа безбедносна институција.

Директорот Виктор Димовски денеска го означи почетокот на работа на агенцијата која ќе работи независно од Министерството за внатрешни работи. Тој на ова место дојде со избор на Владата во јуни оваа година и од тогаш започна процесот на професионализација, односно испитување на актуелниот кадар.

Првиот човек на безбедносната агенција рече дека претходно била напревена селекција на вработени од УБК и оние кои ја поминале селекцијата ќе работат во новата Агенција. Сепак, оние за кои се утврдило дека не можат да поседуваат безбедносен сертификат, нема да останат без работа.

- За оние кои не ја поминаа селкецијата за Агенцијата, остануваат вработени во Министерството за внатешни работи, освен оние за кои во безбедносна постапка ќе се покаже дека не можат да поседуваат безбедносни сертификати. Меѓутоа и за нив е предвидено вработување во останати државни институции, изјави денеска Димовски.

Голем дел од досегашните 650 вработени во старото УБК имале проблеми со интегритетот со служење кон политички партии, бизниси и слично, потоа проблеми кои се покажаа при контролата од страна на други институции како Финансиската полиција, оддел за финансиско разузнавање и слично, а во втората фаза ќе следува полиграфско тестирање. Според новите услови, тие не требаше да бидат во брак или вонбрачно со вработени во истата агенција, да немаат финансиски интереси, да немаат партиска припадност и да немаат двојно државјанство. 

Процентот на Албанците како вработени е зголемен од 10 на 16 отсто во агенцијата која веќе не е во надлежност на Министерството за внатрешни работи и ќе функциониора како независно тело.







Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот