19 Април, 2024
0.0276

Започнува алтернативното субвенционирање за газдите кои не сакаат државна помош за плати

Објавено во: Економија 07 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Уредбаta со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси за време на вонредна состојба стапи во сила, а објавен е и образецот за поднесување на барањето со кој газдите ќе може да добијат алтернативна државна помош доколку не ја сакаат онаа од 14.500 денари за секој работник додека трае кризата.

Компаниите можат за изберат да ја користат мерката за покривање на 50 отсто од придонесите на платите на своите вработени за април, мај и јуни. Тоа значи, дека работодавачите можат да се одлучат да изберат финансиска поддршка за покривање на половина од придонесите за своите вработени, наместо 14.500 месечно нето плата по вработен за месеците април и мај. Oваа мерка е алтернатива на мерката за финансиска поддршка за исплата на платите во висина од 14.500 денари за месеците април и мај. Тоа значи дека, работодавачите не можат да ги користат и двете мерки, туку само една по избор. 

Пресметаната сума не може да биде повисока од 50  отсто од придонесите за задолжително социјално осигурување пресметани на просечната бруто плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавена за јануари 2020 година. 

На работодавачот приходите треба во овие три месеци да му се помали за 30 отсто, бројот на вработени да не е намален за месец април, мај и јуни 2020, да не исплатува дивиденда на сопствениците, како и да нема извршено исплата по основ на награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид на годишна награда.

Меѓутоа, ова субвенционирање работодавачот не може да го користи доколку веќе добива државно субвенционирање поради зголемување на плата  Поднесувањето на барањето се врши преку системот Е-даноци на Управата за јавни приходи.

Објавена е и уредбата за финансиска помош на занаетчиите и вршителите на самостојни дејности кои исто така ги чувствуваат последиците. Финансиската поддршка на физичко лице кое врши самостојна дејност опфатени со оваа Уредба ќе се спроведува преку Владина Програма за финансиска поддршка со исплата на финансиски средства на трансакциска сметка преку која физичкото лице – барател на финансиска поддршка за исплата на финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година.

Финансиската поддршка е исплата на финансиски средства за  месеците април и мај 2020 година, во износ најмногу до 14.500 денари месечно.  Објавен е и образецот на барањето кое се поднесува преку системот е-pdd на УЈП до 5-ти во месецот за претходниот месец

Приходите на овие самовработени поединци за месец март 2020 година треба да се намалени за 30 отсто, а во 2019 да не заработиле нето-доход поголем од 478.800 денари. Ако лицето ја користи оваа помош, по мај четири месеци не смее да врши друга дејност освек тековната. Парите самовработените ќе ги добијат до 13-ти во месецот за претходниот месец.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите