24 Април, 2024
0.0274

Започнува соработката со германскиот консултант ДЕКОН за подобрување на оперативните и финансиските перформанси на ЈП Водовод и канализација - Скопје

Објавено во: Мои пари 24 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Врз основа на Планот за реализација на проектот за изградба на Пречистителната станица за отпадни води – Скопје и спроведениот избор за компанија која ќе работи во насока на подобрување на оперативните и финансиските перформанси за спроведување на големи инвестиции, ЈП Водовод и канализација - Скопје ја започна соработката со германската компанија ДЕКОН, која е фокусирана на конслутантски услуги за инфраструктурни проекти во полето на енергетиката, ОИЕ, енергетска ефикасност, вода, отпадна вода и паметни градови.

„За прв пат во нашата држава се ангажира реномиран консултант за подобрување на оперативните и финансиските перформанси со цел претпријатието да ги доизгради потребните институционални и технички капацитети за спроведување на големи инвестиции и успешно имплементирање на својата активност во секторот за третман на отпадни води. Средствата се обезбедени преку грант од ЕБОР, како дел од Проектот за изградба на пречистителната станица во Скопје“ – изјави Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје.

За постигнување на целите на задачата, се предвидува консултантот ДЕКОНда и помогне на компанијата во идентификувањето и имплементацијата на потребните корпоративни, финансиски и оперативни стандарди:

Предлагање мерки и активности за подобрување на корпоративното управување со Друштвото и помагање на Компанијата да подготви долгорочна (5-годишна) програма за корпоративен развој, вклучувајќи го и капиталниот буџет;

Подготвување договор за јавна услуга помеѓу Град Скопје и Друштвото;

Предлагање на мерки и акции за подобрување на оперативната ефикасност, како што се мерки и акции за намалување на трошоците за работа;

Предлагање мерки и активности за зајакнување на финансиските перформанси

* Помагање на Компанијата во спроведувањето на мерките за подобрување на управувањето на Компанијата со животната средина, здравјето и безбедноста и работните/социјалните прашања;

* Идентификување мерки за подобрување на капацитетот на персоналот на Компанијата;

* Вградување на сеопфатен план за управување со оперативни средства;

Развивање соодветни алатки за балансирање на управувањето со ризикот на средства и подобрување на оперативната ефикасност, како и информирање за идните активности за планирање на капиталот.


ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка