Запознајте ја најбогатата жена на светот која сама го заработила богатството
Објавено во: Финансии 28 Февруари, 2019
Најбогатата жена на светот своето богатство сама го заработила, а почнала со работа во фабрика за само 16 долари месечно.
По четири години поминати во фабрика, Ви Јајун решила да ја смени својата професија и почнала да пишува за магазин за недвижнини.
Кога сакала да го купи првиот стан се соочила со низа проблеми.
Потоа решила со својот сопруг да основа компанија за недвижнини.
Првата куќа ја продале во 2007 година. Денес седиштето е во Хонг Конг, а работат во 47 градови ширум земјата.
Оваа жена денес има 8.3 милијарди долари.