26 Април, 2024
0.1365

ЖАРИШТА ВО ДРЖАВАТА: Koлку се контаминирани македонските почви?

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

На државата под итно и е потребно носење на закон на почви, вели Светлана Станојковска, екологист од Прибиштип и додава дека во 2015 година требаше да биде донесен овој закон, но се покажало дека се нема политичка волја.

Таа додава дека без ваков закон не можеме да се надеваме на некакви европски  интеграции. Тврди дека и ден денес се загадуваат почвите во Пробиштип од различни извори, и тоа е многу штетно.

„Загадување на почвите и водите во Пробиштип континуирано се врши и со работата на индустриските капацитети како Фабрика за акумулатори во чиј состав има и Топилница за топење на старо олово, несанитарната депонија ,,Озрен“, а во најскоро време ќе почне да загадува и Челичарата во Пробиштип. Што е многу , многу е!, вели таа.

Наведува дека во далечната 1976 година во Пробиштип се случила еколошка катастрофа со излевање на јаловиштето од рудникот за олово и цинк ,,Злетово“ и јаловиштето станало една од 16 жешки еколошки точки во земјава.

„На оваа локација, од почетокот на експлоатацијата на рудникот, биле  депонирани над 6.000.000 м3 хидројаловина која содржи тешки метали (олово, кадмиум, цинк , жива ,железо ,бакар ,арсен , ураниум) и други опасни хемикалии (бакар сулфат, натриум цијанид, калциум оксид, калциум карбонат). Висока концентрација на кадмиум, бакар, олово цинк, манган во почвата се јавува во Пробиштип и околината, вклучуваќи го делот кој припаѓа на рудникот ,,Злетово“, како и по течението на Киселичка Река и во долниот дел од Злетовска река. Висока концентрација на олово и цинк има и по течението на реката Коритница,  која доаѓа од правецот на рудникот ,,Злетово“, како и во горниот тек на Злетовска река, по влевањето на Коритница. Висока концентрација на хром и никел има во северозападниот, североисточниот и во југоисточниот дел, по долниот тек на Злетовица, на земјиште засадено со пченица. Високи концентрации на арсен има во регионот југоисточно од Пробиштип“, вели Станојковска.

Континуираното загадување, хаваријата во 1976 година и самите рударски активности, имаат серија на последици за и кон локалното население, додава таа.

„Повеќе од 1.000 хектари земјоделска површина се контаминирани. Земјоделското земјиште во атарите на селата Стрмош, Неокази, Петришино и Бучиште се загадени со тешки метали, а во услови на посилен ветар, воздухот што го дише локалното население е загаден со канцерогена прашина која доаѓа од јаловиштето. Ризиците по здравјето на жителите и животната средина е посочено исто како кај Топилницата во Велес. Овие поразителни резултати се од студијата ..JICA ,,( изработена во 2006 - 2009 ) за потребите на хидросистемот ,,Злетовица“. Досега   ни едно министерство од засегнатите, М.Ж.С.П.П. Министерство за здравство ,  М.З.Ш.В.Министерство за економија и Локалната самоурава немаат преземено чекори за разрешување на овој проблем доколку е решлив“, рече таа.

Со сомнителен квалитет е и храната која се произведува на контаминирани почви.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот