ЗАСЕДАВА СРПСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ - можна вонредна состојба за Белград и Врање
Објавено во: Балкан 29 Јуни, 2020
Србија на нозе. Во 10 часот почна седницата на Кризниот штаб на таа држава, пишува српски Курир.
Според нивните сознанија, на сесијата во 10 часот, ќе се предложи да се ограничи работата на ноќните клубови, да се одложат матурските прослави и да се забрани собирање на повеќе од 100 лица во затворени простории.
Вонредна состојба најверојатно ќе биде прогласена за Белград и Врање заради влошување на епидемиолошката состојба, дознал Курир од еден од членовите на кризниот штаб.
Првите што пристигнале на седницата биле Д-р Дарија Кисиќ Тепавшевиќ, Тиодоровиќ, Пелемиќ и Стевановиќ.
„Веќе разговаравме за некои мерки во принцип. Веројатно ќе бидат мерки во согласност со она што веќе го видовме во некои локални самоуправи, како што се Нови Пазар, Крагујевац, Ужице ...“, рече претходно Брнабиќ.
Според истите информации, ќе биде побарано бројот на лица во затворен простор да биде ограничен на 100, а не помалку од 500 како што беше досега, додека сите матурски вечери и слични прослави што досега не се одржувале, ќе бидат одложени.
Во претходните денови, поголем број на заболени од вирусот корона е регистриран во Србија, а вчера тој број беше 254.
Најзаразени се во Белград, Нови Пазар, Ужице, Крагуевац, Врање ...
Доколку се согласат сите членови на тоа тело на Владата на Србија, се очекува работата на угостителските објекти, ноќните клубови и можеби и другите објекти каде се собираат голем број на млади луѓе да бидат ограничени, со цел да се спречи ширењето на вирусот меѓу нив.
фото Курир.рс