25 Април, 2024
0.0289

ЗАСЕГА НЕМА ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА ФИРМИТЕ - Спасовски порача, профитот не е поважен од здравјето

Објавено во: Економија 13 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Засега не е договорена конкретна парична помош за компаниите кои би претрпеле економски загуби од коронавирусот, но и поради превентивните мерки што ги наложи Влдата, а кои секако дека носат застој во бзинисот и ќе резултираат со финансиски последици. 

Ова важи и за компаниите чии вработени имаат деца помали од 10 години и кои не треба да доѓаат на работа во следните 14 дена, со оглед што не работат градинките и училиштата.

А бизнис секторот денеска се пожали дека стравува за својата иднина. Некои велат и дека се пред колапс. 

Угостителите реагираат дека неработењето после 18 часот на локалите и рестораните ќе им го намали сериозно прометот и приходите, што го доведува во прашање нивното егзистирање. На нозе, според сознанијата, се кренале и компании кои се добавувачи на угостителските објекти, и нивното работење и промет драстично ќе се намали, па можни се и непопуларни мерки.

Бинзис секторот веќе бара од Владата итно да преземе дел од товарот на компаниите, за да им помогне да го истуркаат овој тежок период, за кој е незивесно колку ќе трае. Нивно образложение е дека тоа го направиле сите европски земји.

Првиот човек на Германското стопанско здружение во земјава, Патрик Мартенс, денеска постави прашање до Владата кој ќе ги исплаќа платите на работниците што нема да доаѓаат на своите работни места овие две недели, односно дали тоа ќе биде на товар на државата или на самите приватни компании.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на оваа загриженост одговори дека профитот не треба да биде поважен од здравјето на граѓаните. Тој објасни дека Владата засега нема да стартува со некоја конкретна мерка со која би им помогнала финансиски на компаниите, но доколку и после овие две недели продолжи забраната за работа на градинките и училиштатата, сигурно дека ќе се разговара и за такви мерки.

„Имаме одлуки за Владата и препораки за реалниот сектор, за приватните компании. Секако дека одговорноста треба да биде на сите нас. Кога говорам дека ништо не е поважно од здравјето и животот на граѓаните, тоа значи дека и профитот не е поважен. И тој што мисли дека ќе може да профитира во вакви услови на било кој начин, ќе нема успех во тоа. Така што, доколку имаме состојби во кои треба да се испочитуваат овие препораки и нема начин на кој би биле згрижени нивните деца, ако има притисок врз работниците или скратување на нивните права, треба да се обратат до надлежните инспекторати. Оваа мерка важи до 24 март. До тогаш има можност и начин како тоа да се изменаџира за тие 14 дена. Сега не почнуваме со некоја економска мерка која може во ова да го помогне, бидејќи навстина нема потреба од тоа. Но доколку имаме зголемен период на продолжување на забраната за училиштата и градинките, секако дека ќе се развијат и такви мерки“, порача вчера Спасовски.

Тој беше дециден и дека засега нема потреба од тоа да се свика Парламентот со цел да се гласа ребаланс на буџетот, како последица на изменетите економски услови поради коронавирусот, потенцирајќи дека буџетот е во добра кондиција, а фискалните политики се стабилни.

КОМПАНИИТЕ ДА РАБОТАТ ВО СМЕНИ, А И СО РАБОТА ОД ДОМА

А токму со цел да се искристализира на каков начин треба да му се помогне на стопанството, претставниците на сите стопански комори во земјава вчера седнаа на заедничка маса со премиерот и со економските министри во Владата, расправајќи како да се надминат економските последици.

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска е во постојана комуникација со бизнисмените, а веќе било и разговарано и за реорганизација на производствените процеси и воведување на нови смени доколку е потребно.

А во реорганизацијата би требало да помогнат и оние работници што не одат на работа, бидејќи имаат дечиња помали од 10 години.

Фирмите што можат да функционираат доколку нивните вработени работат од дома, би било добро да го сторат тоа.

„Компаниите што имаат потреба да ја реорганизираат својата работа во смени, тоа да го направат за да нема застој во работењето, а работниците кои имаат деца до 10 години треба да соработуваат во реорганизацијата. Исто така ги повикуваме компаниите што имаат можност - да ја организираат својата работа од дома и со тоа да го спречат ширењето на корона вирусот“, рече Царовска.

На средбата било заклучено дека ширењето на корона вирусот е заеднички проблем, кој заеднички треба да се решава.

„Во решавање и за ублажување на проблемите кои евентуално би се појавиле во иднина сме заедно и заедно ги подготвуваме сите мерки кои ќе помогнат да немаме застој во економијата и нема да пречат во продолжување на работниот процес на компаниите“, им рекол премиерот Спасовски на бизнисмените. 

Во една форма на кризен штаб влата и бизнисот ќе продолжат да бидат во комуникација и во наредниот период, кога се применуваат мерки и се упатуваат пораки во врска со справувањето на евентуалните кризи при справувањето со корона вирусот. 

Било констатирано дека Владата ќе излезе во пресрет на реалните потреби за поддршка во одредени сектори доколку за тоа има потреба.

А во поглед на граѓанската паника и инвазијата на маркетите, Спасовски вели дека стоковите резерви на земјава се соодветно пополнети според законската можност и обврска, и порача апсолутно граѓаните да немаат страв.

„Одговорно однесување значи дека од утре не треба да ги преплавиме сите маркети и да купуваме намирници. Да реагираме без паника. Економските мерки не треба да се пласираат бидејќи земјата е во зелената фаза и фискалните импликации не се такви за да преземаме драстични мерки. Но, сме подготвени со конкретни мерки, доколку тоа се случи, како и на кој начин да се реагира“, објасни техничкиот премиер.

Вчера се огласи и Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија, кои порачаа граѓаните да не подлегнуваат на панично купување прехранбени производи. Според претседател на Здружението, Ѓорѓи Петрушев, компаниите-членки активно комуницираат меѓусебе и ги преземаат сите мерки за превенција од коронавирусот со цел безбедно производство и дистрибуција на производите и услугите, согласно насоките од Министерство за здравство. Здружението апелира до сите компании од земјоделско-прехранбениот сектор да формираат дезобариери на влезовите за возила што превезуваат луѓе и кои дистрибуираат производи.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст