Заштитни маски со потписот на БМВ
Објавено во: Свет 08 Април, 2020
Германскиот автомобилски гигант БМВ ќе почне да произведува медицински маски, за да си ги заштитат и вработените, но и граѓаните од новиот коронавирус, изјави денеска извршниот директор на компанијата, Оливер Зипсе.
Како што пренесува Ројтерс, Зипсе изјавил дека БМВ наскоро ќе може да произведува повеќе стотини илјади маски дневно, а компанијата веќе и испорачала на германската Влада, 100.000 маски од сопствени залихи, денеска дополнително испратиле 50.000 маски и еден милион ракавици, со уверување дека во наредените две недели планираат да произведат и да испорачаат уште еден милион маски.
Инаку, на почетокот на неделава, од БМВ соопштија дека прекинатото производство на автомобили го продолжуваат уште за дополнителни две седмици