ЗАСТРАШУВАЧКА СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО СИДНЕЈ: Над градот се издигнува чад, луѓето врескаат додека зградата се урива
Објавено во: Свет 25 Мај, 2023
Засега нема индиции дека има повредени, а австралиските медиуми јавуваат дека од оваа област се евакуирани стотици луѓе
На снимките од воздух се гледа колку е голем пожарот што ја зафати катната зграда во центарот на Сиднеј, а пожарот се прошири и на некои околни згради.
На терен се повеќе од 100 пожарникари со 20 противпожарни возила, кои потврдија дека го спречиле натамошното ширење на пожарот.
На снимките од воздух се гледа како чад се издига над градот и избувнува пожар во зграда во близина на железничката станица.
Засега нема индиции дека има повредени, а австралиските медиуми јавуваат дека од оваа област се евакуирани стотици луѓе.
Woah huge fire in the heart of Surry Hills right now in Sydney, sent by @annamccrea37 @abcnews @abcsydney. pic.twitter.com/HMQGwmvr2T
— Evelyn Leckie (@Evelyn_Leckie) May 25, 2023
Се додава дека луѓето врескале и трчале во паника додека зградата се уривала.
Фото: Принтскрин/Јутуб