ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ: Граѓаните кои не се од земјите на ЕУ нема да влезат во Германија до крајот на август
Објавено во: Свет 10 Јуни, 2020
До 31 август Германија планира да ја продолжи забраната за пристигнување граѓани на држави што не се членки на Европската унија, изјавиле неименувани извори од германската Влада. Тие нагласиле дека таа одлука се очекува да биде објавена денеска.
Според нив, Берлин ги советува своите граѓани да не одат на крстарења поради посебните ризици од коронавирусот.
Германија е подготвена да ја укине забраната за патување за земјите членки на Европската унија и Велика Британија, Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија од 15 јуни, освен ако не постои забрана за влез во тие земји и обемни рестриктивни мерки.
Минатата недела германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ги повика Германците да не патуваат во Велика Британија се додека таму е на сила 14-дневен карантин за туристите.