28 Март, 2024
0.0256

Завардизајн и Раде Кончар - ТЕП од настапот на ISH Франкфурт најавуваат поголема соработка и заеднички производ

Објавено во: Мои пари 20 Април, 2019

Добивај вести на Viber


Завар дизајн и Раде Кончар - ТЕП, заеднички се претставија на престижниот саем ISH Франкфурт.Двете компании, преку своите производи ги претставија конкурентноста ииновативностана  металопреработувачката и електро-индустријата во земјава, посебно во сегментот на решенија за паметноискористување на одржливите извори на енергија.

ISH е водечки светски трговски саем фокусиран на одговорно управување со водата и енергијата и манифестација каде се создаваат трендови за одржливо греење и климатизирањеи создавање на интелигентни системи со модерен дизајн.Во склоп со профилот на саемот, Завар дизајн ги претстави своите уникатни дизајнерски и рачно изработени радијатори, дел од специјалните колекции Drop (Капка) – во која три капковидни форми се обединети во дизајн што овозможува 11 елементи да бидат комбинирани на безброј начини, Artline – цел нов универзум направен од повлекување на една линија, Atomic – како форма на пренесување на природната структура на молекулите во добро организиран дизајн со безброј комбинации. Раде Кончар - ТЕП на овој саем и официјално го претстави својот нов бренд печки на пелети– Faizen, којшто веќе ја зазема лидерската позиција на пазарот со своите модерни и иновативни решенија за еколошко греење со највисока класа на ефикасност А++. Во склоп на заедничкиот настап, Завар дизајн и Раде Кончар - ТЕП ја продлабочија меѓусебната соработка во производството, со што Завар дизајн ќе биде задолжен за развој на уникатни дизајни на новите печки на пелети од брендотFaizen.

Заедничкиот настап беше реализиран со посредство на МАМЕИ – Македонската асоцијација за метална и електро индустрија каде двете компании се членки и е дел од главните обврски на асоцијацијата.

Нашиот случај и настапот на ISH Франкфурт е пример како треба да се одвиваат работите во нашата индустрија и во стопанството во целост. Имаме тело кое стои зад нас и ни ја овозможува целата логистика и поддршка за деловно и производствено растење и проширување. Асоцијацијата во голема мера придонесе и ја поттикна натамошната соработка. Радијаторите на Завар дизајн и печките на пелети од брендотFaizen, се препознаени по својата креативност, иновативност и функција, а тоа значи дека двете компании имаат уникатен пристап во полето на грејни тела. Токму затоа, продлабочувањето на нашата соработка каде Завар дизајн ќе го изработува дизајнот на новите печки на пелети на Раде Кончар - ТЕП, се очекува да донесе уште еден технолошки напреден и естетски инкорпориран производ“, вели Марта Наумовска Грнарова, Генерален директор на Завар дизајн.

Завар дизајн е компанија која произведува дизајнерски радијатори што се издвојуваат со квалитетот и дизајнот, разликувајќи се од другите слични производи на пазарот. Производите на Завар дизајн се наменети за клиенти кои го ценат квалитетот, занаетчиството и дизајнот. Предводени од идејата дека дизајнот напредува во подобрување на квалитетот на животот, Завар дизајн создава тела за греење кои ги надминуваат сите очекувања во индустрискиот стил.

За својата работа ја има добиено престижната награда за најиновативен дизајн на Американската асоцијација на дизајнери на ентериер - ACID NewYorkMetro во 2017 година.

Раде Кончаркако водечка компанија во металопреработувачката и електро-индустријата во Македонија и во останатите Балканските земји, е реномиран производител на печки и разни грејни тела од 2006 година. Од своето основање, Раде Кончар -ТЕП континуирано се развива во насока на иновација на нови производи и грејни тела на одржлив, алтернативен извор на енергија, како иво снабдување на пазарот со квалитетни производни решенија.

Примерот на Завар дизајн и Раде Кончар – ТЕП со настапот во Франкфурт и заедничкиот производ укажува на придобивките и улогата на асоцијацијата МАМЕИ којашто придонесувакомпаниите од метало и електро индустријата да добиваат поголем простор за градење на својата конкурентност, позиционираност и подобра иднина.


Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија