Заврши битката за Мариупол: Украинската армија објави крај на борбените операции
Објавено во: Свет 17 Мај, 2022
Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека борците на Азовстал ја инспирирале целата земја со својата храброст за време на повеќенеделната борба за фабриката за челик.
Борбата со руските сили во челичарницата Азовстал заврши во понеделникот, што значи дека битката за Мариупол е завршена, пишува The New York Times.
Украинската армија прогласи крај на „борбените операции“, а повеќе од 260 борци од фабриката за челик беа евакуирани.
Конкретно, Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека борците „ја исполниле својата мисија“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека борците на Азовстал ја инспирирале целата земја со својата храброст за време на повеќенеделната борба за фабриката за челик. Тој накратко додаде дека сега „сакаат да ги спасат животите на своите момци“.
Малиар рече дека 53 тешко повредени борци биле однесени во градот Новоазовск под контрола на проруските бунтовници. Уште 211 борци се евакуирани преку хуманитарен коридор на друга локација, исто така контролирана од бунтовниците, Оленивка, пишува Би-Би-Си.
Таа додаде дека ослободените украински војници ќе бидат разменети за заробени руски војници.
Десетина автобуси со украински војници од Азовстал ја напуштија фабриката во понеделникот, објави Ројтерс.