29 Март, 2024
0.0259

Заврши сагата, сите пратеници ги изгласаа законите за економска помош на граѓаните и компаниите

Објавено во: Македонија 18 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Со едногласно гласање, без против, попладнево на денешната 36.седницан во Собранието беа изгласани законите за финансиска поддршка за месеците февруари и март за работниците и компаниите и за даночно олеснување, по што следуваше аплауз во салата.

Во случај да не биде обезбеден кворум,  двајца пратеници на СДСМ позитивни на коронавирус, беа присутни во Собранието, но во кабината за изолација. Се работи за двајца пратеници кои сѐ уште се во изолација и кои со посебни возила, со претходен преглед и со дозвола од инфектолог се дојдени во Собранието и во посебни простории гласаа, соопшти  координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

– Сѐ е согласно со законите за сите граѓани, според протокол како и за сите позитивни на коронавирусот. Ќе има посебен пат по кој ќе влезат и посебни кабини каде ќе бидат за време на седницата, кои потоа ќе бидат дезинфицирани, рече Митрески, непосредно пред закажаниот почеток на седницата, за која мнозинството не може да обезбеди кворум без пратениците кои се во изолација, а опозицијата не сака да влезе и да учествува., рече Митрески.

ВМРО-ДПМНЕ претходно реагираше дека премиерот Зоран Заев го загрозува јавното здравје и тера пратеници болни од ковид-19 од изолација во скафандери да одат во Собрание, реагира ВМРО-ДПМНЕ, откако пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска позитивна на вирусот денеска дојде во Собранието во скафандер.

„Зоран Заев е лицемерен и манипулативен. Талат Џафери и владеачкото мнозинство намерно не ја ставија седницата за петтиот пакет на мерки на дневен ред во четвртокот, затоа што истата ќе беше изгласана со кворум на ВМРО-ДПМНЕ, а тие ќе немаа можност за театар. Сѐ што прави Зоран Заев денеска е само театар, а за неговата претстава да биде целосна ги тера пратениците да прават кривично дело, да го загрозуваат јавното здравје и да кршат здравствени прописи за време на пандемија. Главното прашање е зошто пратениците може да ја кршат изолацијата, а граѓаните се затворени дома?“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење