29 Март, 2024
0.0274

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА ОБВИНИТЕЛСТВО: Се бара доживотен затвор за обвинетите во „Диво Насеље"

Објавено во: Македонија 20 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Во завршните зборови обвинителството денеса побарал доживотни казни затвор за обвинетите во случајот „Диво насеље“.

Како што пренесоа дел од медиумите обвинителот побарал највисоки казни за обвинетите за настаните во кумановско, објаснувајќи кој од групата осомничена за тероризам каква задача имал во Куманово односно, дел носеле храна, дел се грижеле напаѓачите да преминат илегално од Косово, а дел да го обезбедат оружјето. 

Завршен збор одбраната пак ќе има на следното рочиште.

Што се случуваше во мајските кумановски инциденти ...

На 9 мај пред две години во населбата Тоде Мендол, или Диво насеље, се случи вооружен судир помеѓу вооружена група и македонската полиција. Судирот траеше два дена а епилог од истиот беа, осум загинати припадници на македонските безбедноси сили а 37 беа ранети, додека од друга страна 10 членови на вооружената група беа убиени, од кои 9 беа косовски државјани. Граѓаните беа исплашени и изненадени, а 15-тина куќи беа уништени.

Ноќта од 9 кон 10 мај, се слушнаа истрели, одекнаа силни експлозии и беше отворен оган кој траеше со часови. Група на вооружени лица се наоѓаше во објектот кој беше предмет на полициска проверка. Акцијата траше и во текот на утрешниот ден, каде во утрнинските часови се слушаше пукање, граѓаните беа евакуирани, а во населбата Тоде Мендол беше прекината испораката на електрична енергија.

Градот го надлетуваа хеликоптери и владееше вонредна состојба. Министерството за внатрешни работи на Република Македонија тогаш соопшти дека е покрената акција со цел откривање на поголема вооружена група, која според тогашните оперативни инормации требаше да изведе напади на државните институции. МВР тогаш информираше дека информациите кои ги поседува укажуваат дека вооружената група влегла илегално во Македонија, од соседна земја и со помош на свои поддржувачи засолниште нашла во Куманово, подготвувајќи се за идни напади. Истиот извор на МВР, наведе дека се работи за “добро вооружена и обучена група за борба во овие услови”.

Официјалните лица на МВР изјавија дека полицајците наидоа на жесток отпор на вооружените лица кои ги нападнале со автоматско оружје, бомби и снајперски оган. Основниот суд во Скопје одреди едномесечен притвор за 30 лица на уапсените во акцијата на полицијата. Според соопштението на Основниот суд, меѓу членовите на вооружената група 18 лица се по потекло од Косово, двајца државјани од Македонија со престој во Куманово, како и девет државјани во Македонија и еден Албанец со престојувалиште во Германија. Поголемиот дел од нив, како што беше наведено во соопштението на скопскиот суд признаа дека илегално ја поминале македонската граница.

Судски процес за случувањата во кумановско Диво Насеље започна на 09.02.2016 година во Основниот суд Скопје 1 а вооружената криминална група се товари за сторени кривични дела „Терористичка организација” од член 394 – а и „Тероризам” од член 394 -б од Кривичниот законик.

По неколкумесечата истрага Јавното обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупција во ноември минатата година поднесе обвиненија против 29 лица. Од друга страна, сите 29 обвинети за случувањата во Куманово изјавија дека не се чувствуваат виновни. Според одбраната, случајот треба да се достави до специјалниот обвинител, "бидејќи мотивот, како што велат, не е тероризам, а обвинетите се жртви на некое друго сценарио".

По петчасовното сослушување, обвинетите ги отфрлија обвиненијата за "тероризам" и "организација во терористичка група". На 25.02.2016 со сослушувањето на неколку сведоци предложени од обвинителството во кривичниот суд Скопје 1 продолжи судскиот процес за случувањата во Диво Насеље. 

Според изјавите на адвокатите на дел од обвинетите намерата на обвинителство со овие сведоци, била да докаже дека настанот на 9 мај предизвикал чувство на страв и несигурност кај луѓето кои биле во близина на конфликтот. 

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница