Завршни зборови на Рускоска: Јанева се уште е во филмот на „Чарлиевите ангели“
Објавено во: Македонија 26 Мај, 2020
Обвинителката Вилма Рускоска во денешните завршни зборови рече дека е убедена дека го докажале обвиниението за случајот „Рекет“. Според неа, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева се уште живее во филмот на „Чарлиевите ангели“ и оти ги разочарала сите кои во неа верувале.
„Видовме дека овде доброто е ставено во функција на злото“, рече Рускоска.
Во однос на Бојан Јовановски таа истакна дека нема дилеми дека Ана Камчева и нејзниот сопруг му дале 1,5 милиони евра за да биде ослободен од случајот „Империја“.
„Кога Камчев дојде во обвинителството и кажа колку пари му барале, не можев ни да замислам“, нагласи обвинителката.