29 Март, 2024
0.0251

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ ЗА БУЏЕТОТ - како ќе се трошат народните пари идната година

Објавено во: Финансии 16 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Од денеска па најмногу во наредните пет дена народните избраници треба да го кажат конечниот збор за најважниот емкономски документ - буџетот за идната година.

Откако Владата на последната седница го усвои дополнетиот буџет, вградувајќи ги во него промените што ги носат 12-те амандмани кои одлучи да ги прифати претходно на собраниската Комисијата за финансирање и буџет, сега стартува последниот филтер за државната каса – расправата на пленарна седница.

Согласно собраниските правила на игра, пратениците имаат на располагање пет дена да ги кажат своите „завршни зборови“ за буџетот, но расправата, како што неодамна изјави и собранискиот спикер, Талат Џафери, може да трае и пократко, што ќе зависи од текот на дебатата. Тоа значи дека не е исклучено во неделата пред нас земјава да го добие буџетот за 2020 година.

Како ќе се одвива финалната собраниска расправа не може да се предвиди. Но, не се очекуваат позначајни „испади“, барем ако се суди според комисиската дискусја, која помина мирно и без инциденти, иако на релација опозиција-власт се слушнаа жестоки обвинувања и препукувања на тема економски политики на државата.

За власта е развоен и со него се инвестира во човечки капитал, за опозицијата, пак, е популистички и е скроен за предизборен поткуп на гласачи.

Ќе тежи 3,9 милијарди евра, и е најголем буџет досега. Иако Владата се правда дека е сосема логично и нормално буџетите да растат секоја година, како што расте и економијата, критичарите не се согласуваат и велат дека од оваа политичка гарнитура не се очекуваше да креира толку гломазна буџетска каса, тешка близу четири милијарди евра. 

Буџетските приходи се проектирани на ниво од 3,6 милијарди евра. Овде ќе ги нема дополнителните пари што годинава се собираа од прогресивниот данок, бидејќи власта реши да го замрзне на период од три години.

Буџетскиот дефицит ќе изнесува 2,3 отсто од БДП, и тој е понизок од годинава. Или, изразено во апсолутни бројки, буџетскиот минус ќе тежи 283 милиони евра.

За да се покрие дефицитот и за да се вратат стари долгови државата идната година вкупно ќе мора да се задолжи на бруто износ од 985 милиони евра. Но, нето задолжувањето ќе изнесува 320 милиони евра, најавија од Министерството за финансии. 

Според Владата, во фокусот на буџетот е човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем, како и силна поддршка за раст на реалниот сектор.

Кога станува збор за една од послабите алки, капиталните инвестиции, каде годинава се доживеа своевиден крах со исклучително слабата реализација од само 40 отсто за дури десет месеци, власта за идната година сакаше да настапи реалистичи, па проектираше помала сума од првичната за годинава, од околу 384 милиони евра. 

Власта објасни дека дури 56 отсто од вкупните буџетски расходи ќе одат во области врз кои се потпира човечкиот капитал. 

Повисоки плати ќе добијат просветарите од први јануари, за 10 отсто, а се зголемуваат и платите за 25 отсто на лекарите специјалисти, 15 отсто за оние од општа пракса и 10 отсто за медицинските сестри. 

Премиерот Зоран Заев тврди дека со сите овие зголемувања воопшто не станува збор за предизборен поткуп на гласачи, туку дека економијата е во добра кондиција и реално дозволува да се подгне животниот стандард на граѓаните. А стапката на раст која се очекува да се достигне во 2020 година е 3,8 отсто, што треба да базира на раст на приватната потрошувачка, извозот и јавните и приватните инвестиции.

Ќе има пари и за Пензискиот фонд да овозможи исплата на зголемени пензии од 700 денари линеарно за секој пензионер, или плусот заедно со усогласувањето со трошоците за живот, ќе достигне до 900 денари за пензионерите.

Експертите беа едногласни дека во буџетот има и предизборни елементи, со објаснување дека во човечки капитал не се вложува само со зголемување на платите и пензиите, туку со многу работа и реформи, а во спротивно, тој ефект ќе исчезне. Дел од економистите, пак, сметаат и дека буџетот за идната година е голем, нереален и загрижувачки. Критики се слушнаа и за сумата за која ќе пораснат пензиите, односно дека таа е висока и над законски утврдениот праг за усогласување. За пензиите имаше реакција и од Светска банка, која смета дека нивниот раст онака како што е замислен за следната година, може да ги поткопа досегашните напори и постигнувања за стабилизација на пензискиот фонд.

За опозицијата, буџетот е нереален, неразвоен, само со социјална компонента и мерки кои се евтин предизборен популизам. Според ВМРО-ДПМНЕ, ова е популистички и предизборен буџет, со кој се потценуваат граѓаните и се жртвува развојот на економијата и на државата.

Наспроти нивната оценка, од владејачкото мнозинство сметаат дека буџетската каса се заснова на реални проекти и ќе овозможи вложување во човечкиот капитал, поддршка на приватниот сектор, зголемување на потрошувачката со раст на платите и пензиите, како и реализација на инфраструктурни проекти.

( Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка