Жбогар потсети дека времето тече за Охрид и препораките од УНЕСКО
Објавено во: Македонија 18 Јули, 2019
Eвроамбасадорот Самуел Жбогар ги повика властите да направат нешто за Охрид да остане во УНЕСКО.
Потребна е меѓусебна соработка помеѓу сите институции за да се исполнат препораките на УНЕСКО за Охрид смета евроамбасадорот Жбогар. Потсетува дека
од 4 јули кога УНЕСКО ја даде препораката до 1 февруари има време, но до овој момент нема никаков резултат на тоа поле. Вели дека потребна е нова енергија и нов начин за справување со овој проблем.
„Сметам дека сега е моментот кога треба да видиме вистинска соработка помеѓу институциите на национално ниво, Владата, Парламентот, општините, локалните самоуправи и да се најдат нови начини за справување со проблемот. Потребна ни е нова енергија, нов начин за да се среди тоа“, изјави Жбогар.
Евроамбасадорот рече дека вчера имал средба со неколку еко активисти кои изразиле загриженост дали воопшто препораките ќе можат да се реализираат.
Еден од проблемите се и довоградбите за кои се очекува да бидат отстранети.