Здравствените системи на сиромашните земји пред колапс, потребни им се милијарди евра
Објавено во: Свет 03 Мај, 2021
На сиромашните држави им требаат милијарди евра помош за да избегнат катастрофа поради пандемијата на вирусот корона, предупредуваат здравствените експерти. Доколку светските лидери не преземат итни мерки, вирусот ќе ги сруши здравствените системи низ Јужна Америка, Азија и Африка во текот на следните неколку недели, пишува Гардијан.
Според научниците и медицинските експерти, само милијарди фунти помош и масовен извоз на вакцини можат да ја запрат хуманитарната катастрофа. Тие стравуваат дека ужасните сцени од Индија може да се повторат во многу сиромашни земји.
Во моментов, 30,7 проценти од смртните случаи на коронавирусот во светот се меѓу сиромашните и земјите со низок и среден приход, а пред еден месец се пријавени само 9,3 проценти од смртните случаи во светот.
Смртноста се зголеми за 674 проценти во Кенија од крајот на јануари, 550 проценти во Џjибути и 489 проценти во Бангладеш. Здравствените експерти во Африка веќе предупредија дека кризата во Индија наскоро ќе се одрази и на африканскиот континент.
„Немаме доволно здравствени работници или медицински кислород“, предупредија африканските центри за контрола и превенција на болести.