16 Април, 2024
0.0263

ЗДРАВСТВОТО КУБУРИ СО КАДРИ: Ќе ги задржи ли Филипче докторите отворајќи нови работни места

Објавено во: Финансии 31 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

3 200 нови работни места ќе се отворат во јавното здравство. Вака барем најавува министерот Венко Филипче според кој еден од проблемите во јавното здравство беше и недостигот на доктори од повеќе специјалности како и медицински сестри, и медицински персонал

„Покрај фактот дека државата се соочува со недостиг на медицински кадар, голем проблем претставува и недостигот на ментори за одредени специјалности се размислува за повеќе модели, меѓу другото и за тоа како да се задржат постарите доктори на работа, за да ги едуцираат нивните помлади колеги . Токму како резултат на лоцирање на овој реален проблем – она што изминатиот период направивме на план на зајакнување на кадарот е отворање 3.200 нови работни места во јавното здравство“ - посочува Филипче во интервју за 24 Инфо.

Македонија со години наназад има масовна појава на лекари и медицински персонал кои заминуваат или во приватното здравство или надвор, поради повисоките плати и можности за напредување во професијата. Ни се случува лекарски егзодус а дали новите работни места и платите ќе бидат мотив здравствените работници да му дадат шанса на македонското здравство и Филипче уште еднаш ќе оставиме да покаже времето.

На лекарскиот егзодус влијаат повеќе фактори кои може да се групираат во неколку категории, но преовладуваат желбата за професионален развој, и повисоките примања со кои еден лекар може да обезбеди поквалитетен живот во некоја од западните, а понекогаш и во арапските земји. Дополнително, миграцијата на здравствениот персонал се должи и на соодносот на производство и побарувачка на лекарите на домашниот и на странските пазари за вработување, велат познавачите. 

„Ниските примања, и малите можности за самостоен и достоен живот не насочуваат да бараме развој на својата кариера некаде каде ќе имаме поголеми можности за професионален и личен развој. Се соочуваме со песимизам, разочараност и огромна демотивираност до толку што колегите не се ни надеваат дека воопшто постои можност да се променат работите на подобро“, вели лекарка од Скопје.

Македонија секојдневно ја напуштаат се повеќе лекари.

„Вратите во светот ни се широко отворени и наместо репресивни закони треба да носат стимулирачки закони кои ќе обезбедат минимум достојни услови за работа и едукација, со цел да се намали одливот на лекари, вели медицинската сестра Маја од внатрешноста на Македонија.

Таа посочува дека никој не сака да си го напушти својот дом и своето семесјтво, но дека се потребни промени во здравството .

„Така беше пред неколку години но и во моментов најдобра инвестиција за секој лекар е да научи јазик и веднаш да се вработи во било која европска земја. Платите навистина се мали, тоа што се најавува нема да ја подобри многу ситуацијата“ - потенцира друга лекарка.


Можеби ќе ве интересира

ПАЃААТ И ЕВРОПСКИТЕ И АМЕРИКАНСКИТЕ БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ: Цената на нафтата над 90 долари за барел, цената на златото падна

ПАЃААТ И ЕВРОПСКИТЕ И АМЕРИКАНСКИТЕ БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ: Цената на нафтата над 90 долари за барел, цената на златото падна

КОГА НА ДРЖАВАТА Ѝ ТРЕБААТ ПАРИ, ДОМАШНИТЕ БАНКАРИ ТРИЈАТ РАЦЕ - ново задолжување од 50 милиони евра, еве колкави се каматните стапки

КОГА НА ДРЖАВАТА Ѝ ТРЕБААТ ПАРИ, ДОМАШНИТЕ БАНКАРИ ТРИЈАТ РАЦЕ - ново задолжување од 50 милиони евра, еве колкави се каматните стапки

ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН СЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ И ЗА АЛБАНИЈА: Сезонава се очекуваат над 10 илјади туристи, а нема кој да работи

ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН СЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ И ЗА АЛБАНИЈА: Сезонава се очекуваат над 10 илјади туристи, а нема кој да работи

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ДАЛА „ЕР СРБИЈА“ ЗА ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ: Сумата е со повеќе нули

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ДАЛА „ЕР СРБИЈА“ ЗА ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ: Сумата е со повеќе нули

ОТВОРЕН БАЛКАН: Ова се петте најбарани позиции во Белград, еве што нудат работодавците и кои услови бараат да ги исполните

ОТВОРЕН БАЛКАН: Ова се петте најбарани позиции во Белград, еве што нудат работодавците и кои услови бараат да ги исполните

НОВ ПАД НА ПОПУЛАРНАТА КРИПТОВАЛУТА: Еве кои влади поседуваат најмногу биткоини, има ли на пазарите оптимизам?

НОВ ПАД НА ПОПУЛАРНАТА КРИПТОВАЛУТА: Еве кои влади поседуваат најмногу биткоини, има ли на пазарите оптимизам?

Ангеловска-Бежоска: Народната банка втора во светот која учествуваше во пилот проектот на ММФ за оценка на транспарентноста

Ангеловска-Бежоска: Народната банка втора во светот која учествуваше во пилот проектот на ММФ за оценка на транспарентноста

(ВИДЕО) Благодарение на него Норвежаните знаат каде им се парите

(ВИДЕО) Благодарение на него Норвежаните знаат каде им се парите