25 Април, 2024
0.1243

Зеќири: Илија Димовски трчаше по пратениците и им вршеше притисок да не гласаат

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

„Горди сме на се што направивме во овој парламентарен состав. Состав што ќе се памети по тешки но битни одлуки што ги донесовме за доброто на граѓаните и нашата земја. Тоа што го направивме вчера е заслуга на сите 80 пратеници што гласаа вчера за Законот за ЈО, кој ќе овозможи предметите што беа покренати од СЈО да останат живи и тие што треба да одговараат да одговараат за се што направиле во тие 11 години додека беа на власт“, изјави за Утрински брифинг на „Слободна ТВ“, Мухамед Зеќири, потпретседател на СДСМ.

Според него, носењето на Законот за ЈО било неизвесно до самиот крај, заради ставовите на одредени политички партии, меѓутоа успеале да ги убедат дека ова е најдоброто решение.

Околу шпекулациите во јавноста дека Законот за ЈО се носи за ослободување на одредени виновници, за избегнување на правдата итн.. Зеќири рече „Зарем да предвидува нешто такво Законот – мислите дека ЕУ и САД ќе стојат зад Законот? Во консултација со експерти од ЕУ и САД е изработен овој Закон. Ние сме убедени дека се обезбедени сите предмети што беа покренати од СЈО. За спорниот член 110, зад кој се дигна прашина, јасно да кажам дека предметите не се губат. Ако е некој за правда зошто им пречеше овој закон?“, вели Зеќири.

Тој вели дека имало притисок секаде каде што ВМРО-ДПМНЕ сметале дека можат да го вршат.

„Илија Димовски трчаше кај секој пратеник кај што мислеше дека може да влијае и да врши притисок да не се гласа. Тоа не го правеа кај исфрлените пратеници од ВМРО – ДПМНЕ, тоа го правеа и кај ДУИ. Со секој изминат ден притисокот растеше врз тие пратеници. Но сите беа свесни што треба да прават и не подлегнаа под притисоците“, изјави Зеќири.

Можеби ќе ве интересира

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско