26 Април, 2024
0.0258

Зелен кредит од Силк Роуд Банка за енергетски ефикасен и еколошки дом

Објавено во: Мои пари 14 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Нови можности за граѓаните кои се грижат за околината и за сопственото здрaвје, но и вложуваат во ефикасни и еколошки домови. Силк Роуд банка нуди Зелен еколошки кредит со кои физичките лица ќе може да финансираат соларни ситеми, да си купат нови врати и прозорци со термичка изолација или некои иновативни системи за греење и ладење на домот. Зелениот кредит е една од опциите за дом ефикасен во потрошувачката на енергија. Парите од кредитот може да се наменат и за покривна излолација, но и за други уреди и ситеми кои работат на обновливи извори на енергија.

„Инвестирањето во здрава животна средина и обновливи извори на енергија е еден од главните приоритети на банката. Со воведувањето на овој производ, нудиме можност по ниски каматни стапки, без никакви други дополнителни  манипулативни трошоци, граѓаните во претстојната зимска сезона да инвестираат во својот дом нови современи системи за греење и ладење на домот како би можеле дополнително да ги намалат трошоци за искористена електрична енергија.  Покрај зелениот еко кредит, дополнително кај одредени наши партнери со кои имаме соработка, нудиме можност за наменски кредит за купување на еколошки инвертер клими или топлотни пумпи без камата до 48 месечни рати. Секој граѓанин има различни потреби и начин на живот, така што сите заинтересирани за еко кредитот на банката ги покануваме да дојдат во некоја од нашите експозитури за разгледување и согледување на нивните потреби и понуда на можности за финансирање“ – велат од Силк Роуд Банка.

Во услови на глобална акција за зголемување на можностите за искористување на енергијата од природата, јакнење на еколошката свест, секој од нас може со својот пример да придонесе за околината. Силк роуд банка впрочем токму за тоа го креираше овој производ. Дополнително, во време на зголемување на загадувањето во земјава, зелените инвестиции на секој поединец се придонес плус за намалувањето на лошите ефекти за природата.

Силк роуд банка одобрува Зелен кредит кој може да биде во износи  до 10.000 евра , односно 600.000 денари. Каматната стапка е фиксна во првите 12 месеци и почнува од 4,4 проценти. Рокот на исплата е  до 84 месеци, но нема трошоци за предвремена отплата.

Банката го одобрува кредитот без трошоци за апликација, без банкарска провизија со можност за  шестмесечен грејс период.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет