19 Април, 2024
0.0262

Зеленски: Мариупол не се разликува од опсадата на Ленинград

Објавено во: Свет 17 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Во своето доцно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нарече Русија „терористичка држава“ и рече дека нејзиниот напад врз Мариупол не се разликува од опсадата на Ленинград.

„Светот мора официјално да утврди дека Русија стана терористичка држава“, рече Зеленски, повторувајќи ги неговите постојани барања за уште построги санкции против Москва, дополнителни испораки на оружје за украинските војници и затворање на украинскиот воздушен простор.

Зеленски, исто така, директно им се обрати на Русите, барајќи од нив да се запрашаат дали опсадата на Мариупол се разликува од опсадата на Ленинград и им вети на руските војници кои ќе го положат оружјето шанса да преживеат.

- Граѓани на Русија! Како вашата опсада на Мариупол се разликува од опсадата на Ленинград за време на Втората светска војна? Секој руски војник кој ќе го остави оружјето ќе добие шанса да преживее, додаде тој.

- Сѐ уште има можност. Има шанса за секој војник кој е испратен на територијата на нашата земја, за секој еден кој не е убиен, повреден или заробен. Руската армија трпи загуби што не ги виде во Сирија или Чеченија, а кои советските трупи ги немаа ниту во Авганистан. Ако вашата војна, војната против украинскиот народ, продолжи, мајките на Русија ќе изгубат повеќе деца отколку во авганистанската и чеченската војна заедно. Зошто е тоа потребно? - праша Зеленски.


Можеби ќе ве интересира

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција