20 Април, 2024
0.0268

ЗЕЛЕНСКИ ГО ПРОГЛАСИ ЗА ХЕРОЈ: Пилот се катапултираше над Виница со крваво лице

Објавено во: Свет 09 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Се катапултираше над украинска Виница, а претходно собори пет ирански дронови. 

Ова го направи Владимир Ворошилов, украинскиот пилот кој над градот Виница мораше да се катапултура од својот авион пред тој да биде уништен, а кој претходно успеа да собори пет ирански дронови Шахед-136 кои ги користи Русија, беше прогласен за „Херој на Украина“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го одликуваше. Пилотот стана познат по тоа што си направи селфи со своето крваво лице и палецот кој покажува нагоре, пишува Њузвик.

„Никој и ништо не може да нè скрши!“, напиша Ворошилов.

На фотографијата се гледа дека остатоците од авионот му исекле делови од образите и од вратот.

„Украинските одбранбени сили не ја бранат само нашата држава, тие го бранат целиот цивилизиран свет, ова е штит што го штити западниот свет од ордата, оставајќи зад себе само хаос и пустош! Но, оваа заштита е многу скапа за синовите на Украина, затоа треба да разберете и да запомните!“, додава тој.

Пилотот подоцна на својот Инстаграм профил напиша дека четири дена откако се катапултирал од неговиот авион, се вратил и им се извинил на локалните жители за непријатностите што можеби им ги предизвикал.

Ворошилов е родум од градот Кременчук во централна Украина. Дипломирал на воениот ликеј Кременчук во 2011 година, а подоцна и на Националниот универзитет на воздухопловните сили во Харков. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција продолжува со своите напори за решавање на тековната војна меѓу Русија и Украина и додаде дека за таа цел наскоро ќе разговара со своите колеги од двете страни на конфликтот.

Русија денеска соопшти дека останува на украинскиот претседател Володимир Зеленски да стави крај на војната во Украина.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори