ЗЕЛЕНСКИ ОДБИ ДА ЈА ПОТПИШЕ ПОНУДАТА НА ТРАМП?! Хаос околу украинското богатство, преговорите продолжуваат!

Објавено во: Свет 15 Февруари, 2025 17:54
Нацрт-договор со кој половина од украинските ретки минерали минерали би се предале на американски компании во замена за воена помош, неприфатлив за Украина, објавуваат светските извори, повикувајќи се на две лица запознаени со преговорите.
И покрај силниот притисок од Вашингтон, украинскиот претседател Володимир Зеленски одби да го потпише нацрт-договор со кој половина од украинските минерали од ретки земји би биле предадени на американски компании во замена за воена помош, велат две лица запознаени со преговорите.
„Договорот се уште не е потпишан. Страните се уште разговараат за деталите“, изјави украински функционер кој побара да остане анонимен поради чувствителноста на разговорите, пренесува Фајненшал тајмс.
„Правници се уште работат на тоа. Во својот предлог, Американците опишаа многу сложен механизам со кој сакаат да добијат 50 отсто од украинските минерали“.
Тој додаде дека планот може да пропадне бидејќи може да биде во конфликт со украинското законодавство.
Киев веќе извесно време се обидува да го заинтересира американскиот претседател, познат по својот прагматичен пристап, да го гледа рудното богатство на Украина како солидна причина за континуирана поддршка во борбата против руската агресија. Блиски соработници на Доналд Трамп сугерираат дека договорот за минерали може да послужи како еден вид „економски штит“ што ќе и покаже на Москва дека САД имаат конкретни интереси во Украина.
Претходно оваа недела, Трамп рече дека Украина треба да обезбеди 500 милијарди долари од своите минерални ресурси за да ја компензира американската воена и цивилна помош од почетокот на војната. И покрај се, преговорите се уште траат, а договор се уште не е постигнат.
„Украинската страна го испрати својот предлог до американската страна, па сега тие чекаат повратни информации. Додека Американците ги анализираат украинските предлози, ние ги разгледуваме нивните“, објасни функционерот. Лице запознаено со преговорите за Политико изјави: „Американците не се задоволни од предлозите што ги добија од Украина“.
Дополнителен проблем со американскиот нацрт, како што се тврди, лежи во тоа што тој не вклучува конкретни безбедносни гаранции за Украина. Единствената можна безбедносна компонента би била распоредување на американски војници за заштита на рударските локации, но само во случај на договор за прекин на војната со Русија.
Фото: EPA-EFE/Javad Parsa NORWAY OUTМожеби ќе ве интересира
ТРАМП ПЛАНИРА ДА ГО ОГРАНИЧИ ПАТУВАЊЕТО ВО САД ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД 41 ЗЕМЈА: Еве кој е на списокот поделен во три групи

„УКРАИНА НЕ ТРЕБАШЕ ДА ПРОВОЦИРА НЕКОЈ ПОСИЛЕН“: Трамп смета дека и најдобрата воена опрема не ѝ е доволна на Украина против Русија

ИМА НАЧИН ДА СЕ СЛЕДИ ДАЛИ ПРИМИРЈЕТО ФУНКЦИОНИРА: Зеленски даде предлог

(ВИДЕО) ЗАТВОРЕНИ УЧИЛИШТА, УЛИЦИ ПОД ВОДА: Поплави погодија делови од Италија

САД Е НА ПОТЕГ: Украина е спремна да потпише за минералите

СЕ ОДНЕСУВА ЗА СТРАНЦИТЕ: Путин издаде забрана за Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје

ОДМОР ЗА ЕДНО ЕВРО: Италијански град има конкурс, ќе ги награди најкреативните видеа

ТРАМП ЗБОРУВАЛ СО ПУТИН: Го замолил за една работа врзана за Курск

КАКВА КАТАСТРОФА ЗА НАЈПРЕСТИЖНИОТ ИСТРАЖУВАЧКИ ЦЕНТАР, ЏОН ХОПКИНС: По ударот од Трамп, универзитетот ги гаси истражувањата и работните места
