„ЗЕЛЕНСКИ САКА ПАРИ И МОЌ“: Маск ја поддржува оваа теорија

Објавено во: Свет 19 Февруари, 2025 12:46
Илон Маск, висок советник на претседателот Доналд Трамп, ја поддржа објавата во која украинскиот претседател Володимир Зеленски се обвинува дека му се поважни „моќта и парите“ отколку постигнувањето мир, додека САД се обидуваат да договорат прекин на војната со Русија.
„Зеленски не сака мир, тој сака пари и моќ“, напиша корисник на платформата Икс, на што Маск одговори со емотикон „100“, кој често се користи како знак на целосна согласност.
Маск и претходно ги исмејуваше повиците на Зеленски за западна воена помош и ја доведуваше во прашање неговата изјава дека Украина е суверена држава која не може да биде присилена на преговори со Русија.
Во првите месеци од руската инвазија, Маск донираше илјадници Старлинк сателитски терминали за да помогне во одржувањето на комуникациските мрежи во Украина, поради што во почетокот беше сметан за значаен сојузник на Киев.
Но, неговиот став се промени кога почна да споделува содржини што Украина ги нарече „проруска пропаганда“. Маск оттогаш стана гласен критичар на американската воена помош за Украина, нарекувајќи ја „неконтролирана и без јасна цел“, како и остар критичар на Зеленски.
Во ноември, Маск неочекувано се вклучи во телефонски разговор меѓу Зеленски и Доналд Трамп. Според украински официјални лица, разговорот бил „нормален“, а Зеленски му се заблагодарил на Маск за донираните Старлинк терминали.
Вчера претставници на САД и Русија се сретнаа во Саудиска Арабија на разговори за можен мировен договор. Зеленски изјави дека Киев не бил информиран за овие средби, а ниту европските лидери не беа вклучени.
Во исто време, Трамп изјави дека „Украина е управувана од луѓе кои дозволија да започне војната“, што многумина го сфатија како порака упатена директно кон Зеленски.
Маск, исто така го поддржа барањето на руската страна за одржување претседателски избори во Украина, тврдејќи дека Зеленски не е легитимен претставник. Тој не спомна ништо за избори во Русија, каде рускиот лидер Владимир Путин е на власт повеќе од 25 години, потсетуваат американските медиуми.
Можеби ќе ве интересира
ТРАМП ПЛАНИРА ДА ГО ОГРАНИЧИ ПАТУВАЊЕТО ВО САД ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД 41 ЗЕМЈА: Еве кој е на списокот поделен во три групи

„УКРАИНА НЕ ТРЕБАШЕ ДА ПРОВОЦИРА НЕКОЈ ПОСИЛЕН“: Трамп смета дека и најдобрата воена опрема не ѝ е доволна на Украина против Русија

ИМА НАЧИН ДА СЕ СЛЕДИ ДАЛИ ПРИМИРЈЕТО ФУНКЦИОНИРА: Зеленски даде предлог

(ВИДЕО) ЗАТВОРЕНИ УЧИЛИШТА, УЛИЦИ ПОД ВОДА: Поплави погодија делови од Италија

САД Е НА ПОТЕГ: Украина е спремна да потпише за минералите

СЕ ОДНЕСУВА ЗА СТРАНЦИТЕ: Путин издаде забрана за Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје

ОДМОР ЗА ЕДНО ЕВРО: Италијански град има конкурс, ќе ги награди најкреативните видеа

ТРАМП ЗБОРУВАЛ СО ПУТИН: Го замолил за една работа врзана за Курск

КАКВА КАТАСТРОФА ЗА НАЈПРЕСТИЖНИОТ ИСТРАЖУВАЧКИ ЦЕНТАР, ЏОН ХОПКИНС: По ударот од Трамп, универзитетот ги гаси истражувањата и работните места
