Зеленски: Сакавте да убиете што повеќе луѓе, украинскиот претседател за нападот на трговскиот центар
Објавено во: Свет 29 Јуни, 2022
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео на кое се гледа моментот кога проектилот го погодил трговскиот центар во Кременчук.
Во нападот загинаа најмалку 18 лица, што предизвика остра меѓународна осуда, вклучувајќи ја и осудата на лидерите на најмоќните земји во светот кои се собраа на самитот во Германија.
- Рускиот проектил намерно го погоди токму овој објект. Очигледно тоа беше наредба. Очигледно е дека руските атентатори ги добија овие координати за проектилот. Сакаа да убијат што повеќе луѓе во мирен град, во обичен трговски центар - рече Зеленски, пренесува „Б92“.
Спасувачите вчера ја завршија потрагата по преживеаните, а украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски објави дека под урнатините „нема повеќе живот“, пренесува Ројтерс.
Русија тврди дека пожарот во трговскиот центар бил предизвикан од напад на магацинот за оружје во тој реон, а не од директен напад на трговскиот центар. Руското Министерство за одбрана соопшти дека истрелало проектили врз складиштето за оружје во градот, а пожарот бил предизвикан од последователна експлозија на муниција.
ФОТО: EPA/OLEG PETRASYUK