Зеленски: Се движиме напред во регионот Харков, а ќе дојде ден кога истото ќе го кажеме и за Донбас
Објавено во: Свет 04 Јули, 2022
Колку и да ни е тешко денес, мора да запомниме дека ќе има утре, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој бара помош за обнова на земјата.
Тој не губи надеж дека Украина ќе ги врати изгубените територии. Кажа дека Русија има доволно ракетни системи за уништување град по град, но Украина сепак ќе ги врати изгубените територии. Зеленски вели дека се движат напред во регионот Харков, а ќе дојде ден кога ќе го кажат истото и за Донбас.
„Потребно е не само да се поправи сето она што го уништија окупаторите, туку и да се создадат нови основи за нашите животи: безбедни, модерни, удобно, достапни“, рече Зеленски.
Зеленски ги потсетил Украинците дека војната е далеку од завршена.
„Неговата суровост се зголемува на некои места и тоа не може да се заборави“, додал претседателот.