Зеленски вели дека ако Русија не ја запрат, многу други агресори ќе бидат охрабрени да посегнат по соседите
Објавено во: Свет 18 Март, 2022
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека ако Русија не биде запрена сега, ако Русија не биде казнета сега, другите агресори во светот ќе започнат други војни. Според него, тоа ќе се случи во различни региони во светот, на различни континенти, односно секаде каде што една држава сонува да ги освои соседите.
Вели дека окупаторите не престануваат да го палат своето национално богатство во војната против Украина.
„Уверен сум дека со нападот тие ќе уништат сè што руското општество постигна во изминатите 25 години. И ќе се вратат таму каде што некогаш почнале да се издигнуваат – како што велат, во „бурните 90-ти“. Само без слобода, без креативна желба на милиони луѓе да работат за развој на својата држава. Ова ќе биде цената на војната против Украина за Русија. Тоа ќе биде пад за нив, болен пад. И ќе го почувствуваат – дури и покрај „опиумот за народот“ од телевизиските пропагандисти. Неправедната и агресивна војна секогаш има висока цена за агресорот“, вели Зеленски.
Зеленски изјави дека досега се спасени околу 130 луѓе од театарот во Мариупол. Денеска е 23-от ден од почетокот на војната во Украина. Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитриј Кулеба, изјави дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е подготвен за средба со својот руски колега Владимир Путин. Ако има волја, може и утре да се сретнат.
фото Принтскрин