ЗЕЛЕНСКИ ЗА OЧЕКУВАЊЕТО КАНДИДАТСКИ СТАТУС: Тоа е како да излезете од темнината во светлината
Објавено во: Свет 22 Јуни, 2022
Верувам дека сите 27 земји-членки на ЕУ ќе не поддржат во стекнувањето кандидатски статус, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски. Европските земји можно е утре, за време на првиот дел од дводневниот самит во Брисел да донесат одлука.
„Тоа е како да излезете од темнината во светлината“, додаде претседателот.
Пристапувањето на Украина во Eвропската Унија (ЕУ) може да потрае со години.
Клемент Бон, државен секретар за европски прашања во француското Министерство за надворешни и европски работи вели дека ова може да се случи, иако земјата има поддршка од многу лидери. Објаснува дека нема забрзана процедура, нема кралска пропусница. Бон додава дека ќе мора да заврши војната, да ја обноват земјата, и да исполнат многу критериуми.
Кажа дека Украина ќе мора да почитува строги правила како и секој друг кандидат.