19 Април, 2024
0.0264

Железничкиот сообраќај во колапс, работниците во агонија

Објавено во: Економија 21 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Состојбата во Македонски Железници не е од вчера, штрајкот е резултат на лошо спроведените менаџерски политики кои наместо да им обезбедат сигурност и плати на работниците, ги ставаат во незавидна и зависна состојба. Без плата не се живее, работниците живеат на прагот на сиромаштијата, се работи под силни притисоци, наместо за обнова и развој се трошат пари за непрофитабилни проекти- вака накусо за Фактор, ја опишува состојбата во Македонски Железници, првиот синдикалец,  Марјан Ристески. Во компанијата работи околу триесет години. Памети, добри и лоши времиња, но вели последниве случувања покажуваат сериозни аномалии на долгорочен план, бидејќи се ветува многу, а се реализира малку. Па така на терен финкционираат само неколку локомотиви, опремата е застарена, а исто и условите за работа.

Претседателот  на Конфедерацијата на синдикални организации Ристески, додава дека ако некогаш македонскиот работник беше горд на својата плата, со денешните плати, во прашање е ставена неговата  егзистенција.

“За разлика од МЖ Транспорт кои имаат земено целосно платата за месец декември ЈП МЖ Инфраструктура нема земено втор дел за месец декември.Платите се нередовни од повеќе причини. Мое мислење е дека немаше потреба од поделба на јавното претпријатие на два дела МЖ Транспорт и ЈП Инфраструктура. Во последно време има одредени инвестиции во модернизирање на железничкиот сообраќај и обнова на возниот парк. Меѓутоа подолг период многу малце или воопшто не се инвестирало ниту во инфраструктурата ниту во обнова на возниот парк , потребни се многу повеќе финансиски средства да се одделат од буџетот, поготово од оние средства кои се наменети  за непрофитабилни цели како би можело железницата да функционира нормално како во секоја земја”- додава Ристески.

Железницата според него треба да биде главната сообрајќајна артерија која ќе нуди квалитетен и сигурен превоз и транспорт. Но во земјава вели  се работи за преживување, а не стабилно одржување на системот. Состојбата како што објаснува  ја усложнуваат честите блокади на границата од грчката страна, недоволната грижа на државата кон железницата бидејќи  многу од робата што се превезува со камиони поради безбедност и оштетување на автопатиштата  треба да се превезува преку железничкиот сообраќај, а потоа и  слабо развиено стопанство во Македонија.

“Во изминатиов период на неколку пати имаше делумно или целосен  прекин на железничкиот сообраќај кој беше поради исплата на плати. За разлика од другите претпријатија како во јавниот така и во приватниот сектор синдикатите кои делуваат во овие претпријатија се трудат во рамките на нивните можности успешно да ги бранат интересите на работниците. Македонскиот работник во денешно време живее во многу тешки услови,доведен е до прагот на својата егзистенција, не е во можност да ги подмирува основните потреби и трошоци за да би можело едно семесјтво нормално да функционира(исплата на сметки, школарина,прехранување,извршители и ред други работи) . Кризата би се надминала доколку минималната и просечната плата би биле поголеми и редовни”- потенцира  претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија. 

Неизвесната судбина за 2500 вработени кои веќе шести ден се  во штрајк според него е  и поради проектот за бесплатен превоз   за студентите и пензионерите кој е популистичка мерка која не дава резултати, а од друга страна е на директен финансиски  товар на компанијата. Вработените се децидни дека нема да отстапат од барањата за редовно исплаќање на заработеното. Дополнителен проблем вели Ристески е и политичката криза која директно удри врз бизнисот.

“Очекувам  многу брзо  да биде надмината политичката криза и конечно да добие влада која ќе се зафати со решавање на проблемите на граѓаните.Мислам дека оваа политичка криза трае предолго, која се одразува како во економијата така и во сите сфери на животот.Стопанските комори на неколку пати апелираа дека ваквата состојба е неодржлива и стопанството во секој момент може да колабира.Се надевам дека сепак во РМ ќе надвладее разумот”- порачува Ристески.


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите