16 Октомври, 2018
0.2963
    ALK 7973.63    0.52%     CEVI 1000    0%     FERS 59002    -1.66%     GRNT 796.82    0.74%     KMB 5000    0.05%     KVAS 14056    3%     MABI 1000    0%     MPT 45000.74    -0.65%     MZPU 607    0%     OHB 6289.72    0.1%     OKTA 4527    0.46%     PKB 14000    0%     STB 1100    0.63%     STIL 127    -2.31%     TNB 13999.95    0%     TPLF 771.58    -7.6%     TTK 1151.39    2.73%     USJE 23000    0%

ЗЕМЈА КОЈА ГИ СПОИ ТРАМП И КИМ: Како Сингапур се крена од сиромаштија и стана меѓу најбогатите земји

Објавено во: Свет 13 Јуни, 2018

Последните вести важни за светот стигнаа токму од Сингапур. Токму таму лидерите на САД и Северна Кореја се состанаа и имаа историска средба.

На тлото на Сингапур Доналд Трамп и Ким Јонг ун потпишаа документ кој подразбира целосна денуклеризација на Северна Кореја. САД пак според договореното треба да ги запрат своите воени вежби со Јужна Кореја.

КАКО УСПЕА СИНГАПУР ДА ЗАСТАНЕ НА НОЗЕ И ДА СТАНЕ ЧУДО КАКВО ШТО Е ДЕНЕС

Сингапур некогаш сиромашна, мала островска град – држава која во средината на 60-тите години на минатиот век стекна независност (дотогаш беше британска колонија) и покрај недостатокот на природни ресурси, во пет децении постигна неверојатен успех и денес се вбројува меѓу најбогатите земји во светот.

Кога погледнеме во каква ситуација беше Сингапур пред 50 години, изгледа дека шансите за успех биле минимални. Биле сиромашни, живееле од мала троговија и приходи од британски  воени бази кои биле сместени на тој остров. Имале само 1,6 милиони жители и биле земја без сопствен капитал, индустрија и знаење. Инаку, сега кога на Балканот многу се зборува за демографијата, треба да се спомене дека економскиот успех на Сингапур му донел и голем број на жители. Од 1,6 милиони денес достигнале речиси шест милиони.


РАЗВОЈ ВО ФАЗИ: Од едноставна индустрија до високи технологии и финансии

Сингапур повеќе од 30 години бил британска колонија, а целосна независност добил во 1965 година, за време на премиерот Лиј Куан Јев, правник школуван на Кембриџ кој е творец на нивното економско чудо и еден од најголемите визонери и стратези во историјата.

Развојот на Сингапур одел во фази. Во првата фаза се концентрирале на развој на сопствена индустрија, воспоставени се разни агенции на кои задача им бил поттик на економски развој на земјата.

Поради остварување на тој план веќе во 161 година почнува изградбата на зоната Јуронг.

Инвеститори привлекувале со даночни олеснување и правна заштита на нивниот капитал, но како што зоната била оддалечена од станбени подрачја, државата изградила и евтини станови за работниците.

Имаше многу скептици за овој проект, но веќе во 1963 година, во таа зона проработиле 24 фабрики. Пет години подоцна, во 15 квадратни километри од зоната, работеле 153 фабрики, а уште 46 биле во изградба. Растот на БДП од '60. до '64 бил над пет проценти годишно.

Финансиски центар Сингапур

Следната фаза на развој, на крајот на 1960-тите и во текот на 1970-тите, се однесува и на развојот на индустријата, но акцентот и напорите се насочени кон зголемување на извозот. Тие, исто така, сакале да ја намалат невработеноста предизвикана од повлекувањето на британската армија. Невработеноста тогаш била околу 10 проценти, а британските воени бази индиректно ангажирале 40.000 луѓе. Губењето на работните места требало да се компензира со создавање нови работни места

Поради пријателскиот однос кон инвеститорите, тие привлекоа пари од целиот свет

Пријателскиот пристап кон инвеститорите кои го негувал Сингапур привлекол пари од целиот свет (главно од Јапонија и САД) и така подолжува развојот на индустријата, но сега и финансискиот сектор. Исто така, на крајот на 1960-тите години, основана е Jurong Town Corporation, чија главна цел е да го поттикнува развојот на екомониката.

Растот на БДП во Сингапур кон крајот на 1960-тите и 1970-тите уште повеќе забрзал, со просечен раст од околу 10 отсто во тоа време, невработеноста во 1978 година паднала на само 3,6 отсто, а уделот на производството во БДП се зголемил на 24 отсто .


Го фаќаат чекорот со развојот на технологијата

Забележливо е дека тие внимателно го следеле она што се случува во светот, брзиот развојот на технологијата и потоа ја изградиле инфраструктурата, ја развиле индустријата и достигнале минимална стапка на невработеност, во осумдесеттите години се свртеле кон воведување повисоки нивоа на технологија и подобрување на квалитетот на работната сила преку различни образовни програми .

Со цел да се постигне поголема профитабилност и продуктивност, владата ја поттикнува автоматизацијата на работните процеси и воведувањето на компјутерската технологија. Што се однесува до инвестициите, трудоинтензивните индустрии се свртуваат кон вредност со висока додадена вредност базирана на знаење, а не на евтина работна сила.

Во раните 80-ти години, додадената вредност по работник во производството се зголемила од 18.400 долари на 27.000 долари, а просечниот раст на БДП изнесувал 7,7% годишно.

Во текот на 70-тите, главните извозни производи во Сингапур биле ткаенината, облеката и основната електроника, а до деведесетите, фармацевтската индустрија, производството на микрочипови, авионската индустрија итн.

Сингапурско пристаниште

Денес, Сингапур е високо развиена пазарна економија со високо ниво на сигурност за инвеститорите и без корупција.

Моќта на економијата во Сингапур се одразува и во движењето на БДП за време на последната глобална финансиска криза. Нивната економија во 2009 година се намалила за само 0,6%, за да се зголеми до 15% следната година. Владата сé уште бара нови развојни модели и сега целта е Сингапур  да стане или да остане финансиски и технолошки центар на Југоисточна Азија.

План за иднината

Во почетокот на минатата година владата во Сингапур објави план во кој се наведуваат седум сектори кои треба да бидат генератори на понатамошен развој - финансии, сервисни центри, логистика, урбани решенија, здравство, дигитална економија и напредно производство.

Со цел да се зголеми нивната атрактивност за инвестициите, предложено е поедноставување на воспоставувањето на нови фондови за претприемачи, поттикнување на основање разни компании и олеснување на мрежното поврзување, пристап до нови технологии и обезбедување на финансирање.

Акцентот е ставен на сајбер безбедноста. Тие сакаат да ја зголемат својата експертиза во оваа област, така да знаењето да може да се извезува. Исто така предложено е да се искористи појавата на нови технологии и индустрии како што се Uber, Artificial Intelligence и да се следи како се менуваат индустриите со нови технологии.

Исто така истакнато е и поврзувањето на претпријатијата и универзитетите со глобалните иновативни центри за да се овозможи размена на знаења и вештини помеѓу Сингапур и светот.

Исто така, е истакната потребата да се одржат односите на Сингапур со странските иноватори, што може да придонесе за доведување странски знаења и експертиза во таа земја. Исто така, се истакнува дека е важно претприемачите од Сингапур да се едуцираат во странство, така што, по враќањето во Сингапур, ќе можат да ја збогатат својата земја со стекнато знаење.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

ТРЕНД ВО СВЕТОТ: Со пластични шишиња купуваат билети за јавен превоз

ТРЕНД ВО СВЕТОТ: Со пластични шишиња купуваат билети за јавен превоз

(ФОТО+ВИДЕО) Поплави „покосија“ две европски земји - загинаа над 10 луѓе

(ФОТО+ВИДЕО) Поплави „покосија“ две европски земји - загинаа над 10 луѓе

„Зелените“ партии најголеми победници од три избори во Европа за еден викенд

„Зелените“ партии најголеми победници од три избори во Европа за еден викенд

БАЛОН НАД БЕРЗИТЕ: Се заканува криза која ќе биде „многу поболна“

БАЛОН НАД БЕРЗИТЕ: Се заканува криза која ќе биде „многу поболна“

Меркел е „казнета“

Меркел е „казнета“

Утре ЕУ ќе расправа за Македонија

Утре ЕУ ќе расправа за Македонија

(ВИДЕО) Пасторот Брансон се молеше со Трамп откако „се спаси“ од Турција

(ВИДЕО) Пасторот Брансон се молеше со Трамп откако „се спаси“ од Турција

СУДИР НА СЛАВНИ АРГЕНТИНЦИ: Марадона без пардон открива што прави Меси пред секој натпревар

СУДИР НА СЛАВНИ АРГЕНТИНЦИ: Марадона без пардон открива што прави Меси пред секој натпревар

(ВИДЕО) ИЛЈАДНИЦИ СЕ СОБРАА ВО БЕРЛИН: Против што се протестира во Германија?

(ВИДЕО) ИЛЈАДНИЦИ СЕ СОБРАА ВО БЕРЛИН: Против што се протестира во Германија?