Земја од регионот е во топ три дестинации во светот за 2021
Објавено во: Балкан 02 Декември, 2021
Хрватска е меѓу трите најдобри дестинации во светот за 2021 година.
Читателите на британското издание „National Geographic Traveller“ ја сместија Хрватска меѓу трите најдобри земји во категоријата најдобри блиски дестинации во 2021 година.
За најдобра дестинација е прогласена Италија. Награди се доделени и во категоријата најдобар град, во која победник е Барселона, а финалисти биле и Амстердам и Њујорк. Во категоријата најдобра далечна дестинација ја избрале Јапонија, а зад оваа земја се Нов Зеланд и САД. Многу балкански дестинации котирале високо на различни листи.