Земја од регионот ја зголеми границата за пензионирање
Објавено во: Балкан 13 Март, 2018
Хрватска ќе го продолжи работниот век и за мажите и за жените, кои во пензија ќе одат кога ќе наполнат 67 години, а ќе биде скратена и листата на професии со бенефициран работен стаж.
Овие измени треба да стапат на сила во 2038 година, но Европската комисија бара изедначувањето да се воведе во 2030 година.
Хрватската Влада во овој пакет измени ќе ја предложи 2033 година како рок кога мажите и жените во таа земја ќе одат во пензија на 67 години. Сега ситуацијата е таква што мажите заминуваат во пензија на 65 години, додека жените од оваа година ќе се пензионираат на 62 години.
Владата има план да ги зголеми пензиите за тие да изнесуваат најмалку 60% од просечната плата за работници со 40 години стаж, а не помалку, како што е случај досега.