ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРEСЕЧЕ: Нема повеќе стимулации за вработување имигранти

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2025 07:37
Владата на Србија денoвиве ја усвои Уредбата за престанок на важењето на Уредбата за критериумите за доделување стимулации на работодавачи кои вработуваат лица новодоселени во земјата, со оглед на тоа што е зголемен бројот на работодавачи кои аплицираат за субвенции, како и бројот на оние кои се населиле во Србија.
Ова, како што беше најавено, доведе до невозможност за планирање на обврските за следните години во согласност со важечката Уредба, која предвидува дека средствата се исплаќаат до износот на расположливите буџетски средства во согласност со Законот за буџетот, за годините во кои се исплаќаат стимулации.
Се додава дека работодавачите кои вработуваат новодоселени лица сè уште можат да го користат правото на даночни олеснувања во форма на намалување на даночната основа за доход за новодоселени даночни обврзници, во согласност со Законот за данок на доход, пренесува bizlife.
Можеби ќе ве интересира
Поради националниот долг Франција ќе штеди - каде ќе има кратења?

СЕ НАМАЛИЛ БРОЈОТ НА ЕВРОПЈАНИ КОИ НЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ ОДМОР: Соседите најлошо котираат

НАЈЕВТИНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА ГОДИНАВА: На листата се градови од регионот

(ВИДЕО) Цените вртоглаво растат: Моника споделува што купила за 10 евра во Макарска

Србија е меѓу десетте најголеми купувачи на злато - одговор на глобалната неизвесност

Оваа земја е рај за работниците: 32 дена одмор, 26 недели платено породилно отсуство

Како да добиете поевтин стан или куќа? Не секој се осмелува да ја искористи оваа опција

СЕГА 20 ОТСТО ОД РАБОТНИЦИТЕ СЕ СТРАНЦИ: Албанија планира да донесе 40.000 работници од други земји
