28 Март, 2024
0.0270

Земја помала од Македонија бара 20.000 работници од странство

Објавено во: Економија, Балкан 04 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Повеќе од 20.000 работници од странство ќе „увезе“ годинава Црна Гора. 

Сепак ова е помалку од кадарот кој им беше потребен минатата година. 

Квотата за привремен престој и работа на странци во земјата за 2019 година, со одлука на Владата, е утврдена на 20.454 дозволи. Тоа е за 2.371 помалку од лани. 

5.000 дозволи се во резерва кај Министерството за труд за дополнително распоредување, во текот на годината, во согласност со потребите на пазарот на трудот.

За вработување на странци, утврдени се 11.902 дозволи, а за сезонско вработување 3.552. Само за три сектори, градежништво, туризам, угостителство и трговија се планирани 15.454 дозволи за странски работници.

Скоро 5.000 дозволи се наменети за хигиеничари, помошен персонал во домаќинствата, хотелите и деловните простории и за помошници во подготовка на храна. За занаетчии и сродни занимања се предвидени 5.408 работни дозволи, а 2.068 за работници во секторот на услуги и трговија.

Квотата за 2018 година беше 23.185 дозволи. Во периодот од 1 јануари до 10 декември 2018 година се издадени 24.598 работни дозволи за работа и вработување на странци во Црна Гора, што е за 21,1 отсто повеќе во однос на истиот период од претходната година, кога биле издадени 20.317 работни дозволи.

Вработување на странци во Црна Гора во 2017 и 2018 година покажува дека не е доволно искористен потенцијалот на домашната работна сила.

Претходните години во сезона земјата имала потреба од 15.000 до 18.000 сезонци. 

Македонските градежници се барани таму уште од 2014 година. 

фото РТВ.рс

Можеби ќе ве интересира

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон