Земјата која ја нарекуваат „Синиот рај“ легално продава пасоши
Објавено во: Свет 18 Јануари, 2019
Земјата која ја нарекуваат „Синиот рај“ легално почна да продава пасоши.
Свети Кристофер и Невис е дел од Карипските Острови Мали Антили. Оваа земја е една од најпопуларните дестинации меѓу богатите. Таму постојано е лето, па посетителите можат да се капат преку цела година.
Земјата прва во светот понудила можност за легално купување пасош.
Со пасошот од Свети Кристофер и Невис ќе имате слободен пристап до 151 држава во светот без потреба од виза, туку и многубројни даночни бенефиции.
Во 1984 година земјата воведе Имиграциска инвестициска програма што им овозможува на моќните поединци да добијат уште едно државјанство (и пасош), а за возврат од нив се бара да вложуваат во домашната економија.
фото Википедија