Земјата со најмоќна економија сепак има сиромашни пензионери
Објавено во: Економија 16 Јануари, 2019
Германија, земјата со најмоќна економија во Европа има сиромашни пензионери.
Ова може да се забележи од податоците на Евростат, и како таа бројка варира од година во година.
17.5% од пензионерите во 2017 година биле во ризик од сиромаштија, а во 2016 година во таква положба биле 18%.
Во 2015 година сиромашни пензионери имало 17%, а една година претходно 16.7%.
Во 2013 година во ризик од сиромаштија биле 15%.